Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акад. Иван Катарџиев

ЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ПИРИН ВО СКОПЈЕ, ГЛАВЕН ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1944-1989.
ЧЕКОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ


Акад. Иван Катарџиев

Поразите на живковистичката диктатура не била резултат само на Македонците против него во Пиринска Македонија. Живковизмот се нашол во незавидна положба и од отпорот на пиринските Помаци. Нивниот отпор и покрај тоа што не бил поврзан со отпорот на македонското малцинство, е последица на истата политика. Секако причините за самиот отпор на македонското малцинство не значи и сличност на формите низ кои се спроведувал. Неговата централна карактеристика е антикомунистичка и е точно насочена против културната политика на комунистичкиот режим, таа го промени начинот на живеењето на Помаците, нивното облекување, имињата и да го изедначен со начинот на живеење имињата на бугарското мнозинство во државата.
Првото незадоволство против режимот колку што е познато се јавува во 1953 година. Во таа иста година се појавува и отпорот во средината на Помаците против комунистичкиот режим. Се формирале 8 наоружани помачки групи. Меѓу нив најпозната била групата на Сулејман Паров од с. Годиево, Гоцеделчевско. Втората позначајна група била четата на Фаик Алиов од с. Абланица, исто Гоцеделчевско. Најдолго од сите помачки чети опстојувала четата на Шукрија Дервишов и на Мустафа од с. Годиево. Таа успеала да опстане до 1958 година (види го текстот на Михаил Груев во веќе цитираниот зборник стр. 81-83). Реакцијата на режимот против помачкиот отпор се изразувала на газењето на човечкото достоинство. Била жестока и нечовечка. Во време на „пастпортизацијата“ на населението во 1953 година, кога во нивните лични документи полицијата ги запишувала „како Бугари – мухамедани“ отпорот против ова дејство бил жисток во Разлошко и во Гоцеделчевско. Интересни, повеќе би рекле трагични се настаните во с. Елешница, Разлошко. Овде власта организирала одделни собранија за мажите и жените. Информациите зборуваат дека Собранието на жените било неуспешно. На тоа Собрание жените ги нападнале комунистичките агитатори кои дошле да ги убедуваат за добрата страна на активностите што ги преземала власта. Жените на тоа одговориле со напад врз агитаторите кои бегајќи едвај успеале да се спасат. Истото нешто се случило и во с. Валкосел во реонот на Чеч. Во тоа село жените со камења и колци ги нападнале режимските агитатори.
Истите реакции се повториле и во кампањата против носењето на фереџе и шамии, како и против носењето на фесови и ќулафи од мажите во време на т.н. „културна револуција“ во годините 1950-1953. Во с. Јакуруда судирите дошле до точка на вриење. Трагедијата била избегната во последниот момент со наредбата на Живков да не се напаѓа с. Јакуруда.
Трагичен израз добиле нападите на власта врз луѓето што живееле на десниот брег на реката Места – во селата Брезница, Лажене и Корница. Во овие села власта настапила агресивно за да ги принуди селаните да ги променат своите имиња. Некои од селаните за да се спасат се декларирале дека по националност се Турци. Турците не биле подложени на барањето за промена на имињата. И бидејќи обидот на некои помаци да се декларираат како Турци не бил успешен, а желбата да си ги задржат муслиманските имиња била голема, селаните од наведените три села се договориле за заеднички отпор против режимската акција за промена на имињата. Силите на режимот со цел да го скршат отпорот на селаните ги блокирале селата. Во одговор на акцијата против режимските сили селаните во с. Кореница масовно излегле на селскиот плоштад каде запалиле големи огнови.