Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Крсте Петков Мисирков: ”Јазикот, народната поезија, наравите, обичаите – ете ги главните црти на македонскиот национализам“

МАКЕДОНЕЦОТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ СЛЕВА И ДА СЕ ОБЕЗЛИЧУВА МЕЃУ БУГАРИТЕ И СРБИТЕ!

Далибор Станковиќ

Онаму, на онаа страна од границата може да ја чуеме песната: „Два орла се бијат бе мамо, Два орла се бијат бе мамо над Пирин Планина; И како се бијат, И како се бијат бе мамо црни крви леат; Не са били орли бе мамо, Не са били орли бе мамо тај са двама браќа, И са се скарале бе мамо, И са се скарале бе мамо за два коња и две остри сабји…“ Убеден сум дека многу малку луѓе ја слушнале оваа македонска песна што се пее од Македонците во Бугарија. Но тоа е сосема (не)природно бидејќи од 1948 година сите културни врски помеѓу Македонците се пресечени.
Во последниов период можевме да слушнеме дека бугарската држава била многу чувствителна на прашањето што се однесува на македонското малцинство во Бугарија, дека ова прашање предизвикувало непријатност во бугарските кругови итн. Но Македонија како држава никогаш не го отвори ова прашање, тогаш зошто Бугарија е „чувствителна“. Одговорот е едноставен: „Кој си ја има мувата на капата, сам си ја ишка“.

Македонците се реалност во Бугарија без разлика што бугарските власти ги негираат. Во еден извештај на ЦИА од 1972 година се вели дека Бугарија од 1958 година го негира постоењето на одделната национална група – Македонци, дека за последен пат во државниот попис на бугарската држава – графата Македонци се забележува во 1956 година. Врз основа на овој попис, ЦИА заклучува дека во Бугарија живеат 187.789 Македонци, односно 2,5 отсто од вкупното население. По падот на тоталитаризмот, бугарската држава не само што не ја промени својата политика кон Македонците туку и ја заостри. Во 1989 година беше создадена ВМРО-СМД (Сојуз на македонските друштва) како легитимен наследник на македонските емигрантски организации и ВМРО на Тодор Александров во Бугарија. Но бугарски тајни служби ја презедоа и набрзо партијата беше преименувана во ВМРО-БНД (Бугарско национално движење). Затоа не треба да нѐ зачудува што ВМРО-БНД се пројавува како негатор на македонската самобитност и промотор на бугарската национална свест меѓу Македонците.

Истатa 1989 година се создaде и ОМО Илинден-Пирин, а веќе следната година се одржа и првиот масовен собир на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир во присуство на неколку илјади Македонци. Споменатата партија по некоја „случајност“ во 1999 година освои пет градоначалнички места на локалните избори, меѓутоа следната година беше забранета од бугарските власти. И покрај пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, голготата на ОМО Илинден-Пирин за регистрација трае веќе две децении. Што можеме да направиме? Врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, македонската држава се обврзува да не се меша во внатрешните работи на Бугарија преку заштита на статусот и правата на лицата што не се државјани на Македонија, но тоа не ја забранува или ограничува самоиницијативноста на македонските граѓани кон морална и материјална поддршка за Македонците во Бугарија. Зошто е потребно тоа? Како што вели еден мој близок пријател – „Доволно е еден пратеник во бугарското собрание што на секоја седница ќе вели: Јас сум Македонец!“

Не треба да ја заборавиме Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства донесена од Комитетот на министри на Советот на Европа. Во спомената конвенција за малцинствата се вели дека шефовите на државите и владите на државите на членките на Советот на Европа се решени „да го заштитуваат постоењето на националните малцинства на нивните територии“. Бугарија иако е потписник на споменатата конвенција со децении не го „заштитува“ македонското малцинство. Затоа како Македонци имаме морално и етичко право да побараме пред меѓународните институции Бугарија да го признае македонското национално малцинство, притоа не треба да заборавиме дека меѓународното право е на страната на Македонците во бугарската држава.

Да завршиме со Крсте Петков Мисирков: „Најважниот услов за соработка помеѓу Србите, Бугарите и Македонците е полната слобода во самоопределувањето на Македонците. Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сѐ друго на светот. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува меѓу Бугарите и Србите. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сѐ треба да биде оценувано од македонското гледиште. Беззаветната и безграничната љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија и полн конзерватизам во пројавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, наравите, обичаите – ете ги главните црти на македонскиот национализам.“

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com


Н О В А   К Н И Г А
НА ВНИМАНИЕТО НА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ!

Излезе от печат новата книгата на Йордан Парапунски “9000 ГОДИНИ ДРЕВНО-МАКЕДОНСКИ ЛЕГЕНДИ И МИТОВЕ”. Тя обхваща 240 страници. Може да си я поръчите и закупите на телефон 0878 518 257. Цената е 7,00 лева плюс 3,00 лв. пощенска услуга.
Живеещите в Благоевград и околните села книгата може да си я закупят директно в редакцията на “Народна воля”: тел. (073) 88 63 36, GSM: 0888 264 675, GSM: 0885 343 725.


Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.

Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



ЖАЛНА ВЕСТ

ПОЧИНА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ, ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА „БИТОЛСКИ ВЕСНИК“

Денеска 07.11.2020 година, по кратко боледување, на 72-годишна возраст почина писателот и поранешен директор на „Битолски весник“, Панде Манојлов.

Манојлов беше во два мандати директор, главен и одговорен уредник на „Битолски весник“,а функцијата прв човек ја извршуваше во периодот од 1982 до 1990 година.

Покрај со новинарство, Манојлов се занимавше со пишување поезија. Автор е на десетици книги поезија и проза и беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања од минатиот век.

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с.Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Член на ДПМ беше 1989 година.

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот.

Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на градот Битола, „Ванчо Николески“ - Битола,„Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“. Добитник е и на признание од државта Палестина.

- - -

Редакцијата на весник “Народна волја” и Раководството на ОМО „Илинден“- ПИРИН искажуваат сочувство на семејството и пријателите на Панде Манојлов.

Нé напушти еден голем Македонец и човек со голема љубов и посветеност, како и сведоштво за достојно исполнет долг кон својата многострадална татковина – Македонија.

Вечна му памет! Татковината ќе го памети вечно!


Поезия

ПЕСНА ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонијома маjко, Македониjо мила,
каква е твоjта судбина???!!!
От векови славна и горда си била,
а денес те карат да гинеш...

Предавници клети со власт облечени
предават га твоjта историjа,
народот продават, за пари броени,
и бришат те Македониjо...

Но нема да биде, тоа што мислат,
ни они, ни сите душмани.
Македонските херои са гинеле и гинат,
да излечат твоите рани...

И ти земjо Библиска пак ке издигнеш
гордо своето чело,
и трудно, но здраво пак ке преминеш
кон своето велико дело.

Да пазиш народот и парчето земjа,
на нашата Божиjа планета!
Македониjо маjко, ти си свештена
за сите македонци по светот!!!

ИВАН КОТОМАНОВ


Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2021 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!

Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,50 лв.
за шест месеца - 3,00 лв.
за една година - 6,00 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 16 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.


Краен срок за абониране - 16 декември 2020 г.!

За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!


"Народна волja" - каталожен номер 2050!

Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2021 година!




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting