Нова книга од проф. Димитар Мирчев

„ЕВРОПЕИЗАМ, ЛИБЕРАЛИЗАМ, МАКЕДОНИЗАМ. ПОЛИТОЛОШКИ ЕСЕИ“

(Преземено од „Република”)


Скопскиот издавач „Зојдер“ туку што ја објави новата книга на професорот Димитар Мирчев, со наслов „Европеизам, Либерализам, Македонизам. Политолошки есеи“. Со оваа книга се заокружува тетралогијата на Мирчев во која претходно, во последните три години се издадени неговите трудови- Балканскиот мегаетникум- Националните доктрини на македонските соседи; Ферментација на демократијата и на нацијата- Сите македонски политички пролети 1943-1993; Идентитет и суверенитет.

Најновата збирка политолошки есеи на Мирчев го претставува спојот на трите провокации на кои се засновува современата но и трајна определба на накедонската државна и национална политика: европеизмот, либерализмот и македонизмот. Авторот, историско-политички и теориско-критички ги разгледува тие провокации а со темелна анализа на нивните меѓународни и домашни научни и публицистички извори. Рецензентите, проф. Д. Јовановски и проф. Ж. Ленина потврдуваат дека се работи за врвен научен труд и професионално и методолошки мошне издржан поглед на нашата модерна политичка историја но и иднина.