Економија

ГЕРМАНСКИ „ТЕХНИКАЛ ТЕКСТИЛ“ НОСИ 1.000 НОВИ ВРАБОТУВАЊА

(По македонскиот печат)


Германската компанија „Техникал текстил“ од мај годинава почнува со работа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра со која е предвидено да се отворат 1000 нови работни места.

Сопстевеникот на компанијата Јанс Вендлер денеска оствари средбата со премиерот Никола Груевски по што беше потпишан договорот за инвестицијата.

Фабриката се занимава со производство на изолациски материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Во првата фаза се планирани вработувања на 500 до 600 лица.

Вандлер истакна дека сакаат да почнат со работа што е можно побрзо и според планираното фабриката ќе биде отворена за 4 недели.

Тој посочи дека планираат да вработат околу 1000 лица кои ќе биде потребно да имаат искуство главно во бизнисот на печатењето.