Официјално: Потпишан договор меѓу МТВ и БНТ во Софија

МТВ ЌЕ СЕ ГЛЕДА НА ТЕРИТОРИЈА НА БУГАРИЈА

(Преземено од „Фактор”)


МТВ за неколку денови ќе почне да се гледа и на територијата на Бугарија. Договорот за бесплатно емитување и правото за реемитување го потпишаа директорот на МТВ Марјан Цветковски и претседателот на Бугарската асоцијација за кабелски и комуникациски оператори Димитар Радев.
Според претседателот на Македонско Бугарската Стопанска Комора Зоре Темелковски кој беше главен иницијатор за реализирање на идејата за реемитување на програмата на МТВ и БНТ изрази задоволство што проектот се реализирал за релативно краток период.
„Оосбено ми е драго што граѓаните од двете змеји ќе можат да ги следат програмите на националните телевизии, додавајќи дека тоа е од исклучителна важност во градењето на позитивна клима меѓу двата соседа и во јакнење на меѓусебната доверба“, рече Темелковски кој беше придружуван од претседателот на надзорниот одбор на МБСК Кирил Пендев.Од страна на потписниците на Меморандумот Радев и Цветковски беше констатирано дека овој чин е од исклучителна важност за добрососедски меѓудржавни односи.
Претседателот на агенцијата за медиуми на Бугарија Ѓорѓи Лозанов рече дека двете национални телевизии покажале дека се чекор напред во однос на јакењето на релациите меѓу двата народа .
Бугарската национална телевизија (БНТ) од декември минатата година почнаа да се реемитува на територијата на Македонија преку домашните кабелски оператори.
Инаку, Македонско Бугарската Стопанска Комора во Софија беше и коорганизатор на Бугарско-Македонскиот бизнис форум на кој учествуваа речиси 100 компании од двете земји.