Успешна средба меѓу Русија, Украина, Франција и Германија

ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ ВО МИНСК, ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ

(Преземено од МРТ)


На преговорите е постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина што ќе стапи на сила за 48 часа…
Во Минск завршија преговорите меѓу претседателот на Русија, на Украина, на Франција и на германскиот канцелар за прекин на конфликтот во Украина. Дипломатскиот маратон траеше повеќе од 14 часа.
На преговорите е постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина што ќе стапи на сила за 48 часа. Договорот претстои да биде потпишан од сепаратистичките лидери и Контакт групата за Украина.
Владимир Путин, Петро Порошенко, Франсоа Оланд и Ангела Меркел преговараа да постигнат договор за мирно решавање на кризата во Украина.