И покрај кризата

ДОДЕКА ЕВРОПА НАМАЛУВА ПЛАТИ И ЗГОЛЕМУВА ДАНОЦИ, МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈАТРАКТИВНА ДАНОЧНА ПОЛИТИКА

(Преземено од „Вечер“)


Македонската Влада осум години води политика на ниски даноци, и покрај европската должничка криза. Покрај политиката на рамен данок и ослободувањето од данок на добивка доколку таа се инвестира, Владата изминативе години направи повеќе намалувања на даноците во поединечни сфери
Платите на вработените во Европа поради кризата бележат намалување и до 30 проценти, а некои од земјите ги зголемија и стапките на даноците.
Податоците покажуваат дека Португалија ги намали патите за околу 20 проценти во споредба со 2010 година, а платите на високите државни функционери е пониски за пет проценти во 2011 година. Истовремено, оваа држава одлучи да ги замрзне платите и пензиите за 2012 и 2013 година, со исклучок на најниските пензии.
До 20 проценти намалување на платите во јавниот сектор имаат и вработените во Грција, а 30 проценти оние во јавните претпријатија во сопственост на државата. Истовремено, во период од четири години, односно од 2011 до 2015 година бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 490.000 работни места.
Замрзнати плати, а истовремено и намалени за 25 проценти имаат и вработените во јавниот сектор во Романија, како и во Латвија. Литванија ги намали за 10 проценти платите на државните функционери, судии, службени лица, државни службеници, вработени во буџетските институции, додека за пет отсто платите на наставниците, вработените во социјалниот сектор, културата и одбраната.
Десет проценти се намалени платите и во Хрватска, во Шпанија за пет, а во Словенија платите на службениците се намалени за четири отсто од основната плата.
Кај сите земји истовремено се намалени јавните инвестиции, а има зголемување на даноците.
Шпанија ја зголеми стапката на ДДВ за проценти од 16 на 18 степени, Португалија по првичното зголемување на стапката на ДДВ за два проценти во 2011 година го зголеми за еден отсто, со што ДДВ од 20 проценти порасна на 23 отсто.
Унгарија ја зголеми стапката на ДДВ од 20 на 27 проценти, Грција во 2010 година го зголеми ДДВ од 15 на 17 проценти, а во јануари 2011 година стапката на ДДВ дополнително се зголеми за 2,5 проценти и достигна 20 отсто.
Романија ја зголеми стапката на ДДВ за два отсто. Латвија од 10 на 18 отсто, Хрватска од 23 на 25 проценти и Италија го зголеми ДДВ од 20 на 23,5 проценти.
Италија ја зголеми и стапката на персоналниот данок на доход за дополнителни пет проценти за вработени чии приходи се повисоки од 90 илјади евра и за 10 отсто за вработени чии приходи се повисоки од 150.000 евра годишно. Зголемување на персоналниот данок од 23 на 26 проценти е направено и во Латвија, во Литванија е зголемен данокот на добивка од 10 на 15 отсто
Осум години Македонија спроведува политика на ниски даноци
Република Македонија е најатрактивната даночна дестинација во Европа! Намалените даноци, зголемените плати и надоместот за социјална помош се пример за реформскиот капацитет и даночниот концепт на Владата.
Покрај политиката на рамен данок и ослободувањето од данок на добивка доколку таа се инвестира, Владата изминативе години направи повеќе намалувања на даноците во поединечни сфери.
Од 2011 година малите и микротрговци чиј остварен годишен приход изнесува до 3 милиони денари се ослободија од данок.
Претходно оваа категорија обврзници плаќаше данок на вкупен приход во висина од 1% на остварениот вкупен приход во годината од сите извори. Ова даночно ослободување го користат над 37.000 мали и микротрговци.
На трговските друштва со приход меѓу 3 и 6 милиони денари годишно им се даде право на избор на моделот на оданочување. 1% данок на вкупниот приход или 10% данок на добивка.
Во туризмот стапката на ДДВ за туристички услуги, односно сместување во сите видови комерцијални угостителски објекти се намали од 18% на 5%.
Во прехранбената индустрија ДДВ за сурово масло за производство на храна се намали од 18% на 5%. Се изврши и трајно намалување на царинската стапка за увоз на бел и други видови шеќер од 30% на 5%.
Македонската Влада осум години води политика на ниски даноци, и покрај европската должничка криза.