Совет на Европа

БУГАРИЈА ПАК НА ТАПЕТ ВО СТРАЗБУР: ГОВОР НА ОМРАЗА ПРОТИВ РОМИТЕ, ТУРЦИТЕ, МАКЕДОНЦИТЕ…

(Преземено од МКД)


Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста или скратено ЕКРИ независен орган на Советот на Европа во најновиот извештај за Бугарија од петтиот круг на евалуација, уште еднаш го посочува несодветното однесување кон Македонците кои живеат во Бугарија.
Во претходниот извештај ЕКРИ живо им препорача на бугарските власти да осигураат дека законодавството против предизвикувањето на расна омраза се спроведува за секој политичар кој држи говор на омраза или ксенофобија. ЕКРИ сега повторно забележува дека говорот на омраза и нетрпеливост претставува „серизоен проблем во политичките дискуии во Бугарија и притоа ситуацијата се влошува“.
„Главна цел на говорот на омраза во Бугарија се Ромите, муслиманите, евреите, Турците и Македонците“, нагласува ЕКРИ.
Во извештајот меѓу другото се забележува дека во Бугарија оперираат повеќе мали политички партии и ултранационалистички или фашистички групи, како НСФБ, ВМРО-БНД или БНУ. Според ЕКРИ, ВМРО-БНД ја бие глас дека систематски повикува на омраза кон соседното население на Балканот и дека шири антициганска пропаганда. Од бугарските власти се бара поголема контрола на овие партии и групи.
ЕКРИ во извештајот исто така забележува дека кај Македонците и Помаците постои чувство на длабока непријатност, бидејќи тие не се признати од бугарската држава како етничко малцинство. Македонците и Помаците се единствените малцинства кои не се наоѓаат во Националниот совет за соработка и интеграција во однос на етничките прашања, советодавен орган на бугарската влада. Ова прашање со Македонците во Бугарија се обработува и од Советодавниот орган на Рамковната конвенција за заштиата на националните малцинства, чиј трет извештај во моментов се усвојува.
Во извештајот на ЕКРИ уште еднаш е нагласено дека Бугарија не ги признава Македонците како национално малцинство.