Парламентот во Софија

БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА РЕЗОЛУЦИЈА СПОРЕД КОЈА ЦЕЛАТА ВСЕЛЕНА Е БУГАРСКА

Двоглед – 02.10.2020 година


Парламентот во Софија синоќа на вонредна седница донесе резолуција според која целата Вселена е Бугарска.

Подносители на резолуцијата беа речиси сите политички партии од Бугарија, а истата беше изгласана со 198 гласа за, 0 гласови против и 1 воздржан кој тврдеше дека целата Вселена е Бугарска но има еден дел кој е турко-монголски.

Претставници на подносителите на оваа резолуција Аспарух Угрофинов и Омуртаг Тервелов изјавија дека со оваа резолуција се забрзува постапката на постепено освојување на Вселената од страна на Бугарија, па наместо човек по човек, епоха по епоха или настан по настан, со вакво елегантно решение целиот Универзум и се што постои се прогласени за Бугарски, односно со бугарско потекло.

Според резолуцијата, Адам и Ева биле прабугари кои говореле бугарски јазик, Никола Тесла е најдобриот бугарски научник, Леброн Џејмс и Мајкл Џордан се потомци на бугарски емигранти, а Големата Експлозија (Биг Бенг) настанува поради бугарскиот грав односно е силен бугарски прдеж на креацијата после кој настанале сите бугарски планети, сончеви системи и галаксии.

Со усвојувањето на оваа резолуција Бугарија затвора едно важно поглавје од својата историја и во наредните 1500 години пополека ќе има за цел сите истории во светот да ги прилагоди на усвоената резолуција.