Во Предлог-преговарачката рамка за земјава што на 02.07.2020 г. ја усвои Европската комисија

МАКЕДОНСКИОТ СТАНУВА НОВ ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

(По македонскиот печат)


Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознава „360 степени“, во Предлог-преговарачката рамка за земјава што денеска на 02.07. 2020 година ја усвои Европската комисија.

Како што е наведено во текстот од „360 степени“ дознаваат дека во Предлог-преговарачката рамка за Македонија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.

Пасусот, како што стои во објавенот текст, во кој се наведува дека заедничкото европско право треба да се преведе на јазикот на идната земја членка е стандарден елемент во преговарачките рамки за сите држави кандидатки што во моментов преговараат или веќе станале дел од ЕУ.