Председателски избори

ЗАВРШИ КОНВЕНЦИЈАТА ВО СТРУГА, ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА Е ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ

(Преземено од „МКД“)


Професорката Гордана Силјановска Давкова со 408 гласа „за“ од делегатите на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ стана кандидат за претседател на државата.
„Гласањето се спроведе во најдобар можен ред, се гласаше фер и демократски, со што го добивме идниот претседател на Република Македонија“, велат од партијата.
Гласаа вкупно 519 делегати, а присуствуваа 553 делегати.
Силјановска изјави дека мора да излеземе на изборите.
„Сигурна сум дека мојот глас во овие две години допре до луѓе кои можеби никогаш не гласале на избори, биле аполитични, неутрални или до луѓе кои биле членови на некоја партија која е на власт, но сфатија дека има нешто посилно од партијата и од привилигиите дека тоа е Македонија. Ова е вистинскиот момент да се делигитимира власта која создаде хибриден режим во кој Македонија стана скандалозна земја“, рече Силјановска и додаде дека не верува дека секоја цел може да оправда секое средство. Само македонскиот народ заради Македонија може да биде највисоката цел.
Таа изјави дека бојкот ќе значи само на сегашното место да седне Талат Џафери. Шанса да се смени Уставот и претседателот да се избира во Собранието на Република Македонија, што е погубно за земјата – трите власти да и припаднат на една партија.
„Секоја реформа почнува од нас. Не можете да барате реформи од другите, ако не почнете од себе. Ние имаме закон за привилегии на претседател. Имам разбирање за привилегиите на семејството на Трајковски, но ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги укинат законските привилегии за претседателот. Да се намали бројот на министерствата, срамота е сиромашна земја да има 27 министерски места, а Швајцарија да има 7. Парите ќе се пренасочат кон граѓаните“, рече Силјановска.
Би сакал да и честитам на Гордана Силјановска за кандидатурата на претседателските избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече нејзиниот најсериозен противкандидат Влатко Ѓорчев по завршувањето на конвенцијата во Струга.
„И посакувам успех во кампањата и што подобар резултат зашто е важно за иднината на Република Македонија опозицијата да има што подобар резултат“, рече Ѓорчев, додавајќи дека СДСМ и Зоран Заев се главниот проблем во државата.
Тој им се заблагодари на 80-те дегелати што гласаа за него на конвенцијата.