Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Каролина Ристова-Астеруд

ЖЕСТОКО ГО НАПАДНА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ВО СВ: ОВА ОВДЕ НЕ ЗАВРШУВА!

(Преземено од „Нова Македонија“)


Професорката на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Каролина Ристова-Астеруд, во коментар на Фејсбук, жестоко го нападна објавувањето во Службен весник на Законот за употреба на јазиците, без потпис од претседателот на државата.
Професорката, која беше претседателка на Форумот на жени на СДСМ, пратеничка од редовите на СДСМ, како и жестока критичарка на поранешната власт, пишува дека претседателот на Собранието Талат Џафери го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата.
Ристова-Астеруд објасни дека по објавуањето, може да се поднесат тужби до Уставен суд, како и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Таа кажува дека за овој преседан треба да се известат и оние кои дадоа гаранција за Рамковниот договор, односно ЕУ и САД.
-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето.
Ова овде не завршува! – напиша Астеруд.