Пишува Ристо Бунтески – Бунте

МОНОГРАФИЈАТА „МЕТОДИЈА ШАТОРОВ МЕЃУ МАКЕДОНИЗМОТ И БУГАРИЗМОТ“


Проспорографија на стариот Бугарин, ЗНАК’94,
од Тодор Балкански, издадена 2006
година во Пазарџик, Бугарија

Во прогласогт на ПК на КПМ до македонскиот народ, размножен во јули 1941 година, под насловот „Пријатели на Советскиот сојуз“ се истакнува: „Бугарската и германската полиција прибегнуваат кај методите на српските потисници, а од друга страна како за мајтап говорат „ослободивме ве поробени браќа од Србите“. Во продолжение на овој проглас под наслов „Драги браќа“ се констатира: „Вие сами осетивте на вашиот грб „слободата“, која ја донесоа Германците и Бугарите. Вашата положба е лоша… Слободата за која сте се бореле цели 50 години не е добиена. Вие добивте ново ропство, ново насилие, нов терор… Каква разлика има измеѓу бугарските и српските потисници“. (Извори, том 1, кн.1, стр. 26-28)
Во писмото од мај 1941 година до „Стојан“ Шаторов пишува: „Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски. Овој факт нас не интересира како Македонци, кои половина век сме се бореле како Македонци, за национално и политичко ослободување“. Понатаму во истото писмо пишува: „Со право се прашува секој чесен Македонец: Каква ли е оваа слобода, штом Шумадинците се заменети со Бугари, а Македонците се држат под карантин“. Анализирајќи ги состојбите во Македонија по окупацијата, во ова писмо Шаторов за излезно решение за решавање на македонското прашање заклучува: „Праша се што да се чини. Одговорот е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за ошто свое право за слобода и рамноправност, но не цепење на македонската земја и македонскиот народ. За таа своја слобода и рамноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците, Црногорците на Балканскиот Полуостров, затоа што судбината денеска им е еднаква… Балканските народи денеска изгубија својата слобода и независност и сите се окупирани од туѓи војски, затоа и борбата за слобода треба да биде општа… Се што е наше ни се претставува како да е било бугарско“. (Извори, том 1, кн.1 стр. 13-18)
Во прогласот на ПК на КПМ по повод 22 јуни 1941 година, под наслов „Македонски народе, на штрек“ пишува: „Вие сами се убедивте на вашите плеќи, дека Германците и нивните ортаци, Бугарите, дојдоа не да донесат слобода на Македонија, ами да ја опљачкаат и поново поробат… Згора на сето тоа на Македонците им е забрането да се викаат Македонци, а македонската култура и целата македонска 50-годишна борба за слобода и рамноправност од страна на бугарските завојувачи (завоеватели) се претставува не како македонска, ами како бугарска. Насилието против Македонците од страна на бугарските власти зафати… Има тепани без причина само за тоа што се викаат Македонци“.
Во овој проглас се повикуваат и македонските селани: „Забранета ваша земја од великани и колонисти се зема од бугарската држава. На таа земја од населениците, бугарската управа (правителство) се готви насилно да дотера и пресели од северна Бугарија селани, за да може да ги претопи Македонците, Бугарите се движат (вртат) по стапалата од Србите… Страшна експлоатација и грабеш ве чека. Се ќе се носи во Германија и Бугарија, а македонскиот народ ќе гладува“.
Во поднасловот до Македонците, Турците, Арнаутите и др. Го повикува македонскиот народ, заедно со другите народи, да ја покаже својата солидарност, своите симпатии кон великиот советски народ. Понатаму во прогласот пишува: „Борбата против фашистичката диктатура… Хитлер треба да биде тепан!… Дошол е сатот сите мали народи вклучително и македонскиот да се ослободат од јаремот на Германците и Италијанците. Треба да бидат тепани и бугарските фашисти, који се спремаат заедно со Хитлера да се борат против СССР“. (Исто, стр. 19-22)
Во прогласот на ПК на КПМ пред 2 август 1941 година до македонскиот народ, во поднаслов: „До Македонците, Турците, Арнаутите и Власите! Се истакнува“ „Илинденското востание и Крушевската република беа дело на македонскиот народ, но не дело како што сакаат да го претстават врховистите-денешни македонски фашисти, ниту дело на бугарската држава. Бугарските фашисти-сакаат да го украдат Илинденското знаме од рацете на вистинските Македонци, сакаат да ја фалсификуваат македонската историја… Македонскиот народ се бореше не за монархија, не за султан и цар, но се едно каков било тој, дали Турчин или Немец, а за слободна македонска република, како равноправна членка меѓу сите комшиски балкански држави. Зад секој цар, па и зад бугарскиот цар Борис се крие бесправие, диктатура, терор, насилие и ропство… Се што е убаво македонско во македонската борба и македонската историја, – бугарските фашисти го зедоа и го претставија како бугарско: Св. Кирил и Методија, Гоце Делчев, македонските револуционерни борби, македонскиот јазик (јазикот ни бил: „кршен и звучен бугарски език“). Македонската култура и традиции се претставуваат како бугарски, а од друга страна не тераат да учиме нивниот бугарски јазик… Вие видовте со вашите очи што за – „слобода“ ви донесоа Хитлер и бугарските фашисти. Па и вашето право кое било традиционално (закредено) во најцрното турско време цели 500 години – да избирате сами кметови – денеска тоа право од „ослободителите“ ви е земено. Вие сте вистински робови!“. (Исто, стр. 29-33)
Во врска со пишувањето на авторот на страница 58 дека: „Бугарскиот М.Ш. не можеше да прими таква позиција и не отиде на советувањето, не се потчини на волјата на Тито за воинствен антибугаризам. Покраинската организација на КП на Македонија од ЈКП ја присоедини кон БРП“. Во писмото на Шаторов од 16 септември 1941 година испратено до КИ пишува: „Вистина е да јас не се јавив (не отидов) во Белград но се поставува зошто. На захтев на ЦКБ јас отидов во Софија… и да примам инструкции, тоа го направив по одлука… (не се чита по чија одлука) на 24.05 а се вратив на 1.06.1941 година. Во ова време дошла покана од ЦКЈ да се јавам во Белград, другарите решиле да отиде еден член на ПК кој истовремено отишол во ЦК и дал информација за положбата во организацијата… и ги известил дека јас сум во Софија во тој момент. Му напоменувам на другарите од ЦКЈ за фактот дека ние прашавме ЦКЈ за врзувањето со ЦКБ и за тоа добивме согласност и ни препорачаа да имаме врска и за тоа ни дадоа и јавката помеѓу двата централни комитета и црз основа на тоа јас отидов во Софија. До ова мое одење ние бевме дел на КПЈ и организационо и акционо поврзани а после тоа се поврзавме со ЦКБ“. (Методија Шаторов, писмо до КИ од 16 септември 1941 година ИНИ, Скопје) Од ова писмо на Шаоторв јасно се гледа дека тој во согласност на ЦКЈ ја поврзал МКП со ЦКБ а не ја присоединил.
Понатаму на страница 59, авторот истакнува: „По време на Априлската војна од 1941 г. на 7 април германските војски се веќе во Куманово. Цела Македонија ја чека бугарската армија со нетрпение. На 19 април таа е веќе на историската и реална бугарска земја. Врската на М.Ш. со ЦК на КПЈ се откажува од македонистите, но со ЦК на БРП е документирана за крајот на април 1941 г. За заслуга (чест) на М.Ш. треба да се признае, дека тој веднаш го објавил бугаризмот на македонските комунисти така што го променил името на Покраински комитет на КПЈ за Македонија во ПК на работничката партија на Бугарија“.
Покраинскиот комитет на КПМ организиран во април 1940 година на 8 септември истата година одржал Прва покраинска конференција на КПМ. Овој Покраински комитет во годините 1940-1941 има зададено повеќе документи во кои ги има искажано своите ставови за положбата-состојбата во Македонија и соодветни решенија-цели кои треба да произлезат како резултат од борбата на македонскиот народ за неговото ослободување од проблемите. Сите издадени документи во ова време се потпишани со ПК на КП за Македонија, никаде нема потпис ПК на работничка партија на Бугарија. За пишувањето на авторот на страница 59, не наведува никаков документ. Тоа можел да го прочита од пишувањето за Шаторов од личности кои лажно го обвинуваат.

(Продължава в следващия брой)