Поезија

СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА ОД РАДЕ СИЛЈАН


Во издание на „Матица македонска” од Скопје, излезе од печат антологија на „Современата македонска поезија” од Раде Силјан. На страниците од ова книга застапени се песни од дваесет и осум автори, кои создавале во изминатите осумдесет години.

Во предговорот насловен како „Традиција, современост и континуитет“, Силјан опширно говори за развојните текови на македонската поезија, почнувајќи од делото на основоположникот на модерната македонска поезија, Кочо Рацин па сè до претставниците на генерацијата на седумдесетите години на минатиот век.

На крајот од антологијата приредувачот објавува и комплетни био-библиографски белешки за застапените автори.