Пишува Ристо Бунтески – Бунте

МОНОГРАФИЈАТА „МЕТОДИЈА ШАТОРОВ МЕЃУ МАКЕДОНИЗМОТ И БУГАРИЗМОТ“


Проспорографија на стариот Бугарин, ЗНАК’94,
од Тодор Балкански, издадена 2006
година во Пазарџик, Бугарија

Исто така на стр. 58, во под наслов „Влијанието на Коминтерновскиот македонизам во Шарловата Македонија во 1941 г.“ авторот пишува: „Коминтерновската верзија за постоењето на „етнички Македонци“ и „македонски јазик“, ова било прифатено од КПЈ и од Тито. На чело на Покраинската организација беше исто така еден воспитаник на Коминтерната… кој не ги прима измислените кажувања на Д. Влахов за коминтерновски етнички македонизам. Започнува најтешкото време од животот на Методија Шаторов. Конфликтот со Силниот човек на ЈКП Тито може да се согледа во неколку документи:
На Мајското советување 1941 г. Тито ги собира на советување раководителите на националните партии во ЈКП. На тоа советување меѓу другите задачи се постави прашањето за „бугарските освојувачи“ коишто „не го признаваат правото на македонски народ“ и „работат на неговото однародување“, „насекаде во Македонија се воведува бугарскиот јазик“. Се поставува задача на македонските комунисти „да ги собираат народните маси во борбата против насилното присоединување и делење на Македонија, а за слободно национално определување на македонскиот народ“. (Документи…, т.2, с. 348)
Бугаринот М.Ш. не можеше да прифати таква позиција и не отиде на советувањето, не се потчини на волјата на Тито за воинствен антибугаризам и ја оддели Покраинската организација на КП на Македонија од ЈКП и ја присоедини кон БКП“.
Чудни – апсурдни неаргументирани обвинувања против Шаторов од страна на авторот Тодор Балкански. Овде авторот западнал во голем субјективизам кој го довел до паушални, неточни констатации за Шаторов. Тоа го направил поради недоволно користење на шаторовите ракописи, писма, повици и прогласи упатени до македонскиот народ, или намерно изоставил се со цел да докаже дека Шаторов бил со бугарски а не со македонски национални сознанија.
Авторот, за овие невистини, злонамерни и подметнати ставови што му ги препишува на Шаторов, не наведува ниту еден документ каде и кога Шаторов ги заземал овие ставови. Ова го нема ниту во ни еден негов напишан документ и други материјали и затоа е изоставен изворот од каде авторот дошол до овие заклучоци што ги препишува како ставови на Шаторов. Авторот користел пишувања на други чичности што пишувале за Шаторов како нивно сознание, односно неаргументирани обвинувања.
Во натамошното третирање на оваа проблематика, врз основа на документи со кои располагаме со нашето истражување, состојбата ќе ја прикажеме објективно и реално за Методија Шаторов.
Во пишувањето за авторот дека македонскиот народ, македонската нација и македонскиот јазик се творби на Комунистичката Интернационала со одлука од 1934 година донесена во договор со ВМРО (Об.), авторот не наведува извор за овој став на ВМРО (Об.) и на КИ. Во Резолуцијата донесена во април 1934 година нема формулација за создавање на македонска нација, туку стои: „Буржоазијата на владеачките нации во трите империјалистички држави меѓу кои е поделена Македонија, се обидува да го покрие националното потисништво, одредувајќи му ги националните карактеристики на македонскиот народ и постоењето на македонската нација…
Бугарските шовинисти, што ја експлоатираат сродноста на македонскиот јазик со бугарскиот, изјавуваат дека Македонците се Бугари и на тој начин сакаат да го оправдаат завладувањето на Петричко како и својата анексионистичка политика во поглед на цела Македонија.
ВМРО (Об.), водејќи борба против раскинувањето и поробувањето на македонскиот народ и против сите форми на културно, социјално и економско потисништво, за национално ослободување и обединување на сите делови на Македонија, треба да ја разобличи вистинската смисла на сите умувања што имаат за цел на Македонците да им го одречат карактерот на нација и да го спречи нивното проникнување во нејзините сопствени средини“. (ИНИ Скопје, 1992 година, ВМРО (Обединета) документи и материјали, кн.2, стр. 228)
Во позивот до работното население во Македонија под бугарска власт, од средината на мај 1935 година, на Обласниот комитет на ВМРО (Об.) во Македонија под бугарска власт, под наслов „Работни браќа Македонци!“ во поднаслов „Поробени браќа!“ пишува: „Доста веќе глад и робија! Доста со молчење и наведната глава! Имаме доволно лекции од минатото… „Нашата слобода е во наши раце“, така не учеа Гоце и Сандански, така денес не учи ВМРО (Об.) единствениот продолжувач на нивното дело…
Преминување на воената положба и повлекување на сите бугарски воени, полициски и административни власти од Петричко и нивното заменување со месна македонска милиција и администрација од трудбеници!
Самоопределување на Петричко по неговото одделување од империјалистичка Бугарија за на овој начин да послужат како почеток и стимул за ослободување и обединување на цела Македонија! (ВМРО (Об.) Документи и материјали, кн. 2, стр. 317-319)
За партиското советување одржано во почетокот на мај 1941 година Тито пишува: „Во почетокот на мај годинава еше одржано партиско советување на кое беа застапени раководните другари од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Војводина, Босна и Херцеговина. Од технички причини не можеа да дојдат на советувањето другарите од Македонија и Далмација“. (Тито, „Собрани дела“, кн.7, стр. 33)
За ставовите заземени на ова советување Тито пишува во средината на јуни 1941 година. Нема податоци за претходно напишани материјали за советувањето кои ги добил Шаторов и заради несогласување не присуствувал на истото. Но состојбата била следната: Шаторов не добил покана за негово присуство. Поканата што била испратена преку Мара Нацева, пишувана кон крајот на април, кога и било соопштено дека треба да замине за Македонија. Мара Нацева пишува: „Го зедов одредениот партиски материјал како и поканата до тогашниот секретар на ПК на Македонија Шарло Шаторов веднаш да дојде во Белград. Ми беше речено дека тој треба да присуствува на мајското советување… Од страна на ПК ме прими организациониот секретар Перо Тиквар, ми рече дека секретарот на ПК, Шарло, е на пат“. Ова е времето од 24 мај до 1 јуни 1941 година кога Шаторов бил во Софија. Ова е потврда дека Шаторов не добил покана на време (Скопје во ослободителната војна и револуција 1941-1945, Скопје 1984 година стр. 186-187)
Тито во писмото од 24 јули 1941 година до Покраинскиот комитет за Македонија пишува: „не се одзва на повикот да дојде со извештај во ЦК“ Нема ништо за покана на партиско советување. Поканата што ја донела Нацева била за извештај во ЦК. (Тито, „Собрани Дела“, кн.7, стр. 72)
Ставовите донесени на советувањето за Македонија се исправни само што недостасува за деловите на Македонија одземени во 1918 година. Се однесувале само за Вардарскиот дел на Македонија.
Што се однесува за ставот на авторот дека Шаторов се откажал од воени активности против бугарските окупатори (антибугаризам). Ова не е точно Шаторов бил против бугарските окупатори на Македонија. Шаторов за ова пишува во писмото до КИ од 16 септември 1941 година каде истакнува: „ваков проглас не постои. Таков проглас не е добиен. Вистина е да добивме еден примерок и да имавме техника ние ќе го умножевме, а за неиздавање немало ни збор, ниту од мене ниту од другарите“.
Меѓутоа, понатаму се констатира дека во ПК добиле еден проглас кој го донесол повереникот на ЦК на КПЈ, но тој бил прогласот кој ЦК го издал по повод нападот на фашистичка Германија на СССР. Во овој проглас ЦК на КПЈ не повикува на борба, но само на подготовка за вооружена борба. Одлуката за вооружена борба е донесена на 04.07.1941 година. За овој проглас се дискутирало во ПК, а за тоа Шаторов во овој документ вели: „во разговорот со злокобниот „Митре“-(Колишевски) и претставникот на ЦК на КПЈ, ние и да сакавме да го издадеме овој проглас Македонија е изедначена со другите покраини во Југославија за изгубената слобода и независност со окупацијата. Македонија немаше слобода и независност и пред окупацијата, а после неа падна само под ново ропство“. (Методија Шаторов, писмо до КИ од 16 септември 1941 година, ИНИ, Скопје) Во повикот „Македонци“ од октомври 1940 година Шаторов пишува: „Македонскиот народ ќе има двајца господари и во случај да ја Хитлер даде Македонија на бугарскиот империјализам“. (Документи и материјали, том 1, кн. 2, стр. 340-341)

(Продължава в следващия брой)