„Ова не се брише и не се заборава!“, коментира Каракамишева

ГАРАНЦИЈАТА ШТО ЈА ПОТПИША ЗОРАН ЗАЕВ ЗА ДА ГО ДОБИЕ МАНДАТОТ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

(Преземено од Република)


Ова не се брише и не се заборава: Гаранцијата што ја потпиша Зоран Заев за да го добие мандатот од претседателот Иванов.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е првиот мандатар на кого му се бараат гаранции за заштита на унитарноста и суверенитетот на државата. Откако ги потпиша гаранциите, Заев го доби мандатот за формирање на влада од претседателот Ѓорге Иванов.
Професорката Тања Каракамишева Јовановска потсетува на изјавата дадена на 16 мај 2017 година, што под кривична одговорност ја даде Зоран Заев кога го доби мандатот од претседателот Иванов.
„Ова не се брише и не се заборава!“, коментира Каракамишева.