Проспорографија на стариот Бугарин, од Тодор Балкански, издадена 2006 година во Пазарџик, Бугарија

МОНОГРАФИЈАТА „МЕТОДИЈА ШАТОРОВ МЕЃУ МАКЕДОНИЗМОТ И БУГАРИЗМОТ“


Авторот вложил голем труд во истражувањето и прибирањето на документите и материјалите како и искази на личности кои биле соработници на Методија Шаторов и напишал вкупно 425 страници.
Во овој осврт ќе бидат опфатени само еден дел, побитните прашања за кои се изнесени од авторот во оваа монографија за Шаторов и тоа оној дел за македонската нација, споредени со ставовите на Шаторов и ставовите на авторот.
Како прво да го прокоментираме насловот на монографијата.
Методија Шаторов со својата активност во македонското, комунистичко движење, без разлика во средините каде живеел работел, бил доследен на македонската самобитност, односно на македонското национално сознание со сите особини на една нација. Тој за разрешавање на македонското национално прашање на Балканот оставил негови напишани ставови под свое име или псеудоним, како и издадени под разни наслови, написи во името на органи на кои бил раководител: во организацијата на ВМРО (Об.) или во органите на македонската Комунистичка партија.
Од документите и материјалите со кои располагаме, објавени или необјавени во архивите можеме да констатираме дека постојат разни искажувања за Шаторов кои ја одразуваат објективната состојба, и до субјективни искажувања кои не одговараат на стварната состојба. За да се стават Шаторовите ставови и активности, посебно по македонското национално прашање, за согледување на објективната-фактичката состојба треба да се земат во основа неговите ракопоси, без разлика под кое име се издадени.
Авторот, на страниците 291-296, во поднаслов „Единствениот бугарин во раководството на БКП – БРП во периодот 1934-1944 година“ пишува: „Во 1934 г. Коминтерната зазема нај-антибугарско решение и го подели бугарскиот народ на 4 нации, и во тоа време, кога народи со такви карактеристики не се создаваат. Еден од авторите на идејата, бугарскиот комунист Димитар Влахов, тврди, дека нејзини молчеливи противници во Балканскиот комитет на Коминтерната секогаш биле Васил Коларов, Станке Димитров, Антон Иванов и Влко Цервенков. Историјата секако не знае дека тие го издигнале гласот против (срешту) дебугаризација на бугарите во посочениот период. Дури нешто повеќе: во периодот 1938-1939 г. Тодор Павлов во комунизираниот Македонски литературен кружок во Софија поставува пред документите (докладите) и на Никола Вапцаров постулатите на Коминтерната за создавањето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Во исто време, кога врхушката на Бугарската комунистичка партија се трудела да му угоди на Коминтерната и на Сталин во концепцијата за создавањето на „македонскиот народ“ и „македонскиот јазик“, само еден од коминтерновските Бугари, од врвовите на бугарската комунистичка организација со зборови и дела го откажа постоењето на народ „Македонци“. И тој човек, Методија Шаторов, во исто време, кога Георги Димитров коленичеше (раболепничеше) пред Тито, Тодор Павлов создаваше од големите поети Венко Марковски, Коле Неделковски и Никола Вапцаров антибугарски настроени македонисти, го направи неверојатното: му покажа на Тито, на Коминтерната, на Бугарската работничка партија, на светот:
Дека во Македонија живеат, како основен народ Бугарите;
Дека Комунистичката партија на тој народ е Комунистичката партија на буарската држава (тогаш БРП);
Дека тој самиот е Бугарин од Македонија или македонски Бугарин;
Дека бугарскиот народ во Македонија не е во војна со Германија како останатите народи на Југославија, затоашто бугарската држава не војува со неа;
Дека бугарската војска во Македонија не е окупаторска, ами војската на бугарската држава, кон која е присоединета и Вардарска Македонија, населението се Бугари;
Дека започна да ги спроведува во дело директивите, кои беа сосема на линијата за одобрување на окупацијата: учеството во таканеречените македонско-бугарски комитети, доброволно предавање на оружјето на окупаторската власт;
Дека ги прекина врските со ЈКП, и се врза со БРП со почетокот на окупацијата на Македонија;
Дека Шаторов и неговите другари исто така сметаат дека бугарската власт во Македонија не е окупаторска и према тоа нема потреба да се води вооружена борба против бугарскиот народ, како всушност што сакаше ЈКП… Македонија не е поробена, ами национално е слободна;
Дека Шаторов се спротивставил на Коминтерновското решение за постоење на „Македонска нација“;
Дека го одделил Покраинскиот комитет на Македонија од ЈКП и го присоединил кон БРП;
Дека ги прогонувал етничките Срби (Блаже Орландиќ, Добривоје Видич)…“
Исто така на стр. 58, во под наслов „Влијанието на Коминтерновскиот македонизам во Шарловата Македонија во 1941 г.“ авторот пишува: „Коминтерновската верзија за постоењето на „етнички Македонци“ и „македонски јазик“,

(Продължава в следващия брой)