Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на

СРЕДБА СО Г. ЏАНГ ЧИНГЛИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ НА КИНЕСКИОТ ПОЛИТИЧКИ И КОНСУЛТАТИВЕН СОВЕТ

(Преземено од МИА)


Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Џанг Чингли, потпретседател на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатарални односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, во годината кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи.
Двајцата соговорници изразија задоволство од постигнатиот исклучителен напредок во севкупните билатерални односи, и беше констатирано дека постојат огромни потенцијали за натамошно продлабочување на соработката, особено на економски, културен и образовен план.
Претседателот Иванов на средбата посочи дека негувањето на долгогодишното пријателство, јакнењето и унапредувањето на искреното партнерство со Народна Република Кина е трајна определба на Република Македонија.
Македонскиот претседател ја повтори позицијата на Република Македонија за поддршка на политиката „Една Кина”, како основа за натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.
На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од успешниот политички дијалог во рамки на процесот на соработка на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа во форматот 16+1, посочувајќи дека Република Македонија има активна и конструктивна улога во процесот.
Претседателот Иванов посочи и на важноста од зајакнување на соработката на двете земји во рамки на иницијативата „Еден појас, еден пат”, преку реализација на конкретни заеднички проекти во инфраструктурата и енергетиката.