Продолжува соработката

ЈАКНЕ ДОВЕРБАТА: НОВ СОСТАНОК МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА

(Преземено од МИА)


Наскоро се најавува нова рунда консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, велат грчки извори.
Состанокот е трет по ред и треба да се одржи во Скопје, а еден од приоритетите ќе биде соработката меѓу полициите на Македонија и на Грција по рашањето на мигрантите.
Истите извори велат дека Македонија и Грција имаат заеднички интерес во однос на мигрантската криза кој станува се појасен и овозможува подобра соработка на терен, но и на политичко и на меѓународно ниво.
Од август, лани до денес одржани се пет состаноци на високо ниво меѓу полициите на двете земји во Евзони и во Богородица, на кои се донесени практични решенија и е подобрена климата на соработка.
Главен проблем и понатаму, сметаат, е што се уште нема единствено решение за кризата на ниво на ЕУ, туку некои земји се обидуваат да диктираат еднострани решенија.