Почитувани браќа и сестри Македонци,

НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА


Македонија е под опсервација на специјална војна со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Се врши ревизија на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, доведена е во прашање автокефалноста на Македонската Православна Црква, се воведува двојазичност на целата територија на Македонија и во меѓународните односи, во Македонската држава се врши денационализација и асимилација врз Македонците!

Името на државата и идентитетот на нацијата ни’ припаѓаат нам Македонците во светот и нам Македонците во татковината, затоа што сите заедно сме неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател. Повикуваме на семакедонско обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Со Македонија не’ има во целиот свет, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно!

НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА Семакедонски протест се одржа во недела, на 18 март, 2018 година, од 1 pm – 4 pm, во Queen’s Park во Торонто. Целата македонско-канадска заедница се здружи за поддршка на Македонија и бара да се стави крај на антимакедонските преговори за името.