Порака од српското до грчкото свештенство за Македонија:

„НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ОДЗЕМА ИМЕ И ЈАЗИК НА ЕДЕН НАРОД И ЕДНА ДРЖАВА“

(Преземено од „Вечер“)


„Епа не е баш така браќа Грци. Со сета почит, не може Македонија да е само Грчка. Егејска Македонија е грчка бидејќи денес таму главно живеат Грци и припаѓа на грчката држава. Вардарска Македонија е Македонска и таа држава се нарекува Република Македонија. Никој нема право да одзема име и јазик на еден народ и една држава.
Во Република Македонија 80% од населението се Македонци, и не се ниту Грци, ниту Бугари ниту Срби. Во неа мнонзинскиот народ е македонски. Како што во Пиринска Македонија мнозинството се Бугари.
Што значи, Македонија е територија на три држави и многу народи кои живеат во тие три држави, но главно Грци, Македонци и Бугари.
Мене како Србин и првослвен игумен кој живее во Србија, Македонците ми се драг и посебен народ, кои имаат своја држава, свое име, своја нација, свој јазик, своја историја. Исто така, ги сакам и ценам Грците и Бугарите, но не поддржувам ничиј елитизам или етношовинизам, било тоа да е кај поединци во секој народ, или кај некои поголеми групи од секој народ.
Ниту српскиот, ниту бугарскиот, ни грчкиот, ни македонскиот. А паролата – Македонија е Грчка – е, му се допаѓа тоа некому или не, шовинистичка и елитистичка.
Грците немаат право да ја присвојуваат цела Македонија, ниту да имаат ексклузивитет на нејзиното име. А, оној кој и малку знае историја, знае дека дури и античките Македонци, зборувале потполно различен мајчин јазик од Грците, односно биле различен народ од Грците. Така што, Грците не можат да присвојуваат ниту антички Македонци, а не можат ниту денешните Македонци и денешната Република Македонија” – пишува јопоминах Петар Драгојловик на својот ФБ профил.