„По плодовите ќе ги познаете“

ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИЗАМ!


Ние, Македонците, многу често страдаме од патриотско празнословие. Големите зборови и планови немаат крај, како и критиките кон оние што работат. Ние од редакцискиот колегиум на „Народна волја“ тоа многу добро го знаеме. Го знаеме на свој грб. Критики колку сакате, а помошта е многу ретка. Патриоти на зборови има многу, но малкумина се оние кои се патриоти и по своите дела.

Такви ретки патриоти на дело се нашите сонародници од Меѓународното македонско движење за човекови права (Mecedonian Human rights international – MHRMI), во Канада, со претседател Бил Николов. Тие целосно го заслужија звањето пријатели и покровители на „Народна волја“.

Многу од нашите читатели не знаат за тревогите преживеани од редакцијата на весникот и дека без помошта на MHRMI тој ќе сопреше уште пред три години. Веќе три години „Народна волја“ излегува скоро исклучиво благодарение на патриотизмот и дарежливоста на нашите пријатели од MHRMI. За тоа им должиме благодарност не само ние во редакцијата и не само Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија – чиј единствен весник се јавува нашиот весник. Ним им должат благодарност и сите Македонци и патриоти по светот.

Можеме само да се надеваме за доброто на целиот македонски народ дека организации како MHRMI ќе продолжат не само да постојат и да дејствуваат, но и дека ќе се прошируваат и засилуваат, добивајќи ја поддршката на сите Македонци!

Ја користиме можноста јавно да им се заблагодариме и да им посакаме многу успеси и среќа во следната 2018 г.!

Бидете се така пример за следење, инспирација и надеж на сите патриоти!

Редакциски колегиум на „Народна волја“.