Свет

РУСКО-АМЕРИКАНСКИ КОНСУЛТАЦИИ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО СИРИЈА И ДОНБАС

(Преземено од МИА)


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и Донбас, како и за перспективите за соработка меѓу двете земји во решавањето на клучните проблеми на меѓународната сцена, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
Во соопштението на Министерството се посочува дека вчера телефонски разговарале и претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, кои исто така раземениле мислења за голбални прашања.
– Руската страна посебно ја нагласи потребата за строго почитување на територијалниот интегритет на Сирија, како и за спроведување на обврските од страна на властите во Киев за решавање на кризата во Дабас, наведѕва Министерството.
Во соопштението се наведува и дека биле разгледани и неколку прашања во однос на билатералните односи, вклучително и планот за понатамошните контакти.
Претходно, како што јави МИА, Белата куќа соопшти дека Трамп и Путин вчера разговарале телефонски за повеќе прашања, со главен акцент на Сирија.
Разговорот се одржа само еден ден по средбата на Путин со сирискиот претседател Башар Асад во Сочи и пред денешниотнегов самит со претседателите на Турција и Иран.