Економија

ЗАЕДНИЧКИ БАЛКАНСКИ БРЕНД ЗА ЕВРОПСКИТЕ И ТРЕТИ ПАЗАРИ

(Преземено од „МКД“)


Бугарија и Македонија со заеднички проект и со осмислена економска политика може да го сменат погледот кон Балканот како инвестициско-финансиски и безбедносно нестабилен регион во Европа. Двете економии ја издржаа и поефикасно се справуваат со последиците од финансиката криза, задржувајќи пораст на БДП и ниска задолженост. Ова денеска го изјави вицепремиерот на бугарската Влада Даниела Бобева, во раговорите со членови на Македонско-бугарската стопанска комора со седиште во Скопје.
Македонија и Бугарија би можеле да промовираат заеднички Балкански продукт, особено во сферата на туризмот, прехранбената индустрија и привлекувањето на странскиот, вклучувајќи го и кинескиот капитал.
Вицепремиерката на Бугарија денеска во Софија оцени дека кинеските кредити за Бугарија се поскапи од достапноста на финансиите од ЕУ. Кинескиот премиер ја пласира идејата за што побрзи и поделотворни разговори на двете државни банки за развој, како и федерациите на фармери и ТУР операторите.
Таа ја прифати идејата за скорешно организирање на оперативни форуми на двете бизнис заедници под покровителство на премиерите Никола Груевски и Пламен Орешански.
Претставниците на Комората, Темелковски и Пендев ја потенцираа потребата за побрзо реализирање на модерно и брзо инфраструктурно поврзување.
Само со јакнење на меѓусебната доверба и проширување на економските области за соработка на компаниите во двете земји, беше потенцирано, може да се поттикне многу повисок обем на заемната трговска размена.
Според претставниците на Македонско-бугарската стопанска комора, двете влади, заедно со компаниите, треба што поинтензивно да ги користат ресурсите на Европската Унија и нејзините фондови, за реализација на заеднички економски проекти и тие да бидат гаранти за подинамични и заемни инвестиции на бугарските компании во Македонија и обратно.
Вицепремерката како позитивни ги оцени информациите за присуството на бугарскиот пазар и инвестициите на Алкалод, Брилијант, Адинг и Алмакс.
Поддржана е идејата за скорешна регионална средба на компаниите и градоначалниците од меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија во Благоевград.
Претседателот на Комората Зоре Темелковски ја поздрави информацијата на бугарската Влада за побрзо отворање гранични премини, што ќе ја поттикне економската размена и слободата на движењето на граѓаните.
Членките на Македонско-бугарската стопанска комора присуствуваа на Економскиот форум во Бугарија на кој Орешарски говореше за статегиските приоритети за земјата во наредниот период.