АСПИРАЦИИТЕ НА МЕГАЛОМАНИТЕ ВО СОФИЈА НЕМАТ ГРАНИЦИ

БУГАРСКИ АГРЕСИВНИ ПРЕТЕНЗИИ И КОН МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИJА

JАН ПИРИНСКИ


Во Тирана првата реакција беше на лидерот на Нова социјалдемократска партија – Паскал Миљо, политичар, еден од најпознатите историчари и поранешен раководител на албанската дипломатија. Паскал Миљо категорично ги отфрли тврдењата на Софија, дека во Албанија живеат над сто илјади Бугари. Таквите изјави во бугарските медиуми тој ги оцени како неосновани. Миљо изјави, дека претензиите на Бугарите не се во согласност со реалноста и дека тоа се лаги.
И други албански политичари, државници и новинари ги отфрлија претензиите и тврдењата на Софија, дека во Албанија живеат над сто илјади Бугари и одговорија дека се тоа Македонци, а не Бугари. Бугарската лага блеснува уште посилно кога ќе се погледне кои се друштвата во Ал-банија кои Бугарија ги покажува како бугарски. Тоа се друштва, кои тесно сорабо-туваат со „Виножито“ и со ОМО „Илинден“-ПИРИН и за кои самите Албанци многу добро знаат дека се всушност организации на Македонците.
Познато е дека бугарските емисари често ги посетуваат реоните Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија во потрага по Бугари. На македонското население таму му предлагаат секаква помош само и само тоа да се декларира за бугарско. А сиромаштијата во која живеат тие наши браќа таму е ужасна. Имено, оваа жалосна состојба на населението ја користат бугарските еми-сари, предлагајќи помош за да примат бугарско државјанство. Често бу-гарските телевизии емитуваат разговори со луѓе од овие краишта. И што гледаме и слушаме?! Овие луѓе зборуваат не бугарски туку македонски. Во емисија на една бугарска телевизија кон средината на септември годинава гледав како водителката и претседателот на друштвото „Огниште“ Георги Стаменов разговараа за „Бугарите“ во Албанија. Водителката му рече на Стаменов „но тие таму се декларираат како Македонци“, а тој одговори „Што од тоа, нели Македонците се Бугари“. Таква е шизофреничката филозофија на бугарските ултранационалисти.
Но за да се разбере каков замав зема бугарската пропаганда и дејност против Македонците во Албанија, за да ги направи Бугари ќе цитирам за читателите на „Народна волја“ дел од материјал на Ирина Гелевска, новинарка од македонската телевизија А1 насловен „Бугарска пропаганда кон Македонците од Албанија“.
Гелевска кажува: „Антонио Лимановски, Македонец од Голо Брдо, Албанија, веќе пет години е македонски државјанин. Бегајќи од сиромаштијата во родното место, најпрво заминал со сопругата и двете ќерки во Грција, од каде бил протеран поради изјавите дека во Албанија и Грција живеат Македонци кои треба да ги уживаат сите човекови права.“ Лимановски по професија е новинар и веќе пет години е без работа. Неколку години го нема видено и своето семејство, кое се наоѓа во Грција. Се надева наскоро да добие виза за таму. Тој вели дека пред две недели (материјалот на Гелевска е од 17. 09. 2007) го посетиле луѓе од бугарската амбасада во Скопје, а амбасадорот лично имал двочасовен разговор со него.
„Со амбасадорот Михо Михов, на посетата кога ме повика во неговиот кабинет и два и пол часовниот разговор во неговиот кабинет со затворени врати, разговаравме за два проблема, како толку години да живееш во РМ и не е решен проблемот со станбеното прашање и вработување, односно вие можете да се справите со вашето семејство и да станете дел од нашата држава, да станете Бугарин, зошто Бугарија повеќе ќе ви даде поддршка и сигурно ќе ве финансира во Голо Брдо“, изјави Антонио Лимановски, македонски државјанин.
Бугарскиот амбасадор во Македонија генералот Михо Михов му ветил на Антонио Лимановски дека ќе побара за него да добие бугарско државјанство по забрзана постапка.
Наспроти фактот што од највисоки албански институции беше испратен протест до Бугарија поради тврдењата, дека во Албанија живее многубројно бугарско (наместо македонско) малцинство Бугарија ја продолжува својата активност, односно да предлага на луѓето разна помош и привилегии за да ги прави Бугари. Ништо ново за Бугарија. Давањето пари за да се „чинат“ Македонците Бугари е бугарски рецепт, практика и традиција уште од 19 век.
Во Албанија постои регистрирана македонска партија со име Македонска алијанса за европска интеграција, која е политички партнер и близок сојузник на ОМО „Илинден“-ПИРИН! На локалните избори во Албанија таа избра Македонец градоначалник во општината Преспа и избра општински советници во пет општини. Во Мала Преспа учениците до четврто отделение учат на македонски јазик. На Радио Корча има емисија на македонски јазик. Постои и регистрирана Македонска заедница во Албанија сочинувана од три регистрирани македонски организации од сите делови на Албанија. Издаваат свој весник „Преспа“. Лидери на македонската партија и друштвата се сретнуваат официјално со министри на албанската влада и дури се канети од нив да дискутираат за правата на малцинствата. Македонското малцинство официјално е признато од албанските власти. Македонците таму се борат тоа да биде запишано и во Уставот на Албанија. Имаат ли нешто од тоа Македонците во Бугарија? И не е ли Албанија бескрајно поевропска и демократска земја од формално веќе европската Бугарија?!

СЛУЧАJОТ со македонскиот државјанин, новинар од Голо Брдо, Албанија, и личното ангажирање на бугарскиот амбасадор да вика во својот кабинет Македонци од Албанија (а само од таму ли?!), да им предлага финсиска помош и бугарско државјанство по брза процедура, само по себе докажува, до каков степен е засилена кампањата за бугаризација и негирање на Македонците во Бугарија, во Македониjа и низ светот водена од Бугарија. Една апсурдна и претходно осудена на пропаст кауза.
.