РЕАКЦИЈА

ММДЧП ЈА ОСУДУВА МАКЕДОНСКАТА ПРЕДАВНИЧКА ВЛАДА, НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА


8 септември, 2017 – Осудувањето на постапките на една политичка партија не значи поддршка за другата. Силната поддршка за македонските човекови и национални права не значи вмешаност во граѓанската и внатрешната политика. Исто како што Македонците во странство не треба да се мешаат во локалните прашања во Македонија, политичарите и граѓаните кои живеат во Република Македонија немаат никакво право да преговараат за нашата вековна националност.

ММДЧП ги осудува се’ поизразените предавнички постапки на сегашната македонска влада, поставена од САД. Потпишување на договор за „пријателство“ со Бугарија со кој се отфрлаат сите наши права и се преговара за нашиот идентитет може да се случи само во Македонија, каде политичарите се или корумпирани или немаат здрав разум или храброст да се изборат за нашите најосновни човекови права.

Распродавање на нашата земја на малкубројно албанско малцинство, под капата на дипломатијата и човековите права, може да се случи само во Македонија. Претседателот на ММДЧП, Бил Николов, во повеќе наврати, при средби со Стејт Департментот на САД, Глоубал Афеарз Канада, пратеникот на ООН, Метју Нимиц, како и многу други, прашува кога македонскиот ќе стане билингвален и еднаков партнер во Грција, турскиот во Бугарија, а рускиот во Естонија. По примерот на ЕУ и САД со албанскиот јазик во Македонија, овие чекори би морале веднаш да се спроведат и да се промовираат како основни човекови права, согласно со идеалите на Европската Унија.

Само во Македонија може една влада да претера во напорите да им удоволи на своите потчинители – Грција, Бугарија и Албанија – и да го исполни секој каприц на своите господари – САД. Само во Македонија може владата да ја откаже прославата на Денот на независноста за да не ги „навреди“ сопствените потчинители. Ова се случи во Торонто, но канадско-македонските организации сепак се потрудија да ги пополнат празнините кои ги создаде антимакедонското Министерство за надворешни работи.

Западот со сите средства се труди со технички аргументи да го оправда кршењето на македонските права. Но ако се примени истиот принцип за која било друга земја или етничка група, Западот со сите сили ќе ги брани своите права. Овој двоен стандард ги обединува Македонците во одбрана на нашите права, но македонските политичари се или отворено анти-македонски, или немаат храброст да ги одбранат истите.

Затоа, ММДЧП ја одбележува 26-годишнината од независноста на Република Македонија со осуда на најантимакедонската влада во нашата историја, моменталниот режим на СДС. ДПМНЕ, вие имавте и имате шанса да застанете во одбрана на Македонија со една едноставна постапка – осуда на преговорите за името и идентитетот во ООН, но досега покажавте дека немате храброст за тоа.

СДС, и вие ја имате истата шанса. Повлечете ги Заев, Димитров и другите, и ставете КРАЈ на преговорите за името, ако за ништо друго тогаш за инает на вашите противници. Господ знае дека двете партии многу повеќе сакаат да постапуваат од таа причина отколку заради тоа што нешто е во интерес на Македонија.

За оние кои веруваат дека Македонија „мора“ да преговара за името за да влезе во ЕУ и НАТО – разбудете се. Причината заради која Македонија не е во ЕУ и НАТО е ЗАТОА ШТО Македонија преговара за името. Причината што Западот бара Македонија да го смени името е ЗАТОА ШТО Македонија преговара за името. Како што ММДЧП постојано потенцира, вештачкиот конфликт со името е најголемиот проблем кој ги комплицира сите аспекти на животот во Македонија. Веднаш инсистирајте на крај на преговорите за името. Како што нагласува кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија“ – Кој ви даде право да преговарате за моето име?

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

Posted by: Bill Nicholov