Пишува Бил Николов:

ММДЧП СЕ СРЕТНА СО КАНАДСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА И ПОБАРА ДА СЕ ПРЕКИНЕ СО ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА МАКЕДОНИЈА


Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, на 18-ти мај, 2017 година, се сретна со канадскиот амбасадор во Македонија, Филип Пинингтон и ги повтори ставовите на ММДЧП дека Западот го поткопува суверенитетот на Македонија со давање поддршка на коалицијата на која што јавна цел и’ е да ја денационализира Македонија и која што ја злоупотребува срамното мешање од страна на САД и Албанија. Игнорирањето на неуставноста и незаконитоста на овој процес ќе има штетни последици врз кредибилитетот на Канада на меѓународно ниво.

Канада отсекогаш била бранител на човековите права и демократијата, и за разлика од САД, избегнувала мешање во внатрешните работи на друга земја. Во обид да се изнајде причината за проблематичниот анти-македонски став на Канада, можни се само две опции – наивност или соучество. ММДЧП го повтори барањето до канадската влада за транспарентно и неодложно да ја објасни својата позиција.

Одлуката на Канада да не се спротивстави на мешањето на САД во Македонија и на седум-децениската политика на САД за интервенционизам не е својствена за одговорна влада. Изборот да се брани и да се дава поддршка на ваквата поитика, на сметка на опстојувањето на друга независна држава е не само шокантен, туку и навреда за бранителите на човекови права во целиот свет, како и за бројната македонско-канадска заедница (голем процент од нив беа прогонети и избегаа во Канада барајќи слобода) чии претставници сега мораат да ја бранат својата етничка припадност и идентитет во државата која што ги прифати. Доколку канадската влада, што е несфатливо, не го разбира алармот од Македонците и од многу други, во однос на бесрамниот анти-македонски став кај некои држави од Западот, е всушност причина за Канада веднаш да ги научи работите, пред да почнат тие да станат неразјаснив проблем.

Канадската влада одлучи да го поддржи незаконскиот и неуставен избор на претседател на Собранието, иако беа прекршени сите парламентарни правила, вклучувајќи го и недоволниот број потребни гласови за тој избор да биде валиден. Канада одлучи да ги игнорира барањата содржани во Тиранската платформа од коалицијата за промена на име, идентитет, знаме, химна и грб. Тие барања беа подготвени во Тирана, под „водство“ на премиерот на Албанија и беа поддржани од американскиот Стејт Департмент и од американската амбасада во Македонија кои што се под „конгресна“ истрага заради мешањето во внатрешните работи во Македонија. Канада одлучи да искаже бес и да се фокусира на инцидентот во Собранието и да го игнорира фактот дека незаконски избраниот „спикер“, Талат Џафери, беше амнестиран за воени злосторства и терористички акти против Македонците, со договор кој што беше постигнат како резултат на приитисок што САД го изврши врз Македонија. Судот неодамна изрече пресуди за инцидентот во Собранието, но според членот на СДСМ, Мухамед Зекири, казните не биле доволно остри и јавно се закани на судијката. Тој чин не го осуди ниту една западноевропска држава. Канада и Западот не смеат исти работи да ги толкуваат на различни начини.

ММДЧП ја истакна иронијата на албанските барања за Македонија да стане двојазична држава. Дали Западот би поддржал барање на македонското малцинство во Грција за таа да стане двојазична, или Бугарија да стане подеднакво бугарска и турска држава? Класичен пример за двојни стандарди.

ММДЧП го повтори своето барање за Канада да ја поддржи независноста на Македонија (како што јавно ја поддржува Украина) и неодложно да ја смени својата анти-македонска политика. Ова вклучува и неодложна осуда на анти-македонските преговори за името. И да знаеме дека Канада се залага за правда и за човекови права.