Маријана Петир смета дека:

МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ПРОМЕНИ ИМЕТО, ЕУ ТРЕБА ДА ПРОМЕНИ ПРИСТАПОТ

(Преземено од МРТ)


Петир смета дека Европската унија има двојни критериуми за проширувањето…
„Македонија не треба да промени името, Европската унија треба да промени пристапот“- претседателката на групата Пријатели на Македонија во Европскиот Парламент, Маријана Петир. Таа смета дека Европската унија има двојни критериуми за проширувањето.
„За било какво промена на името, потребен е консензус на политичките партии како изразена волја на избирачите на референдумот, кој би бил нужен при промена на име на држава. Но, вистинското прашање е дали смее од една суверена држава тоа да се бара. Меѓународниот казнен суд во 2011-та година пресуди дека грчката блокада за отворање на преговори за членство во НАТО сојузот не e оправдана, со што Грција ја прекршила Привремената спогодба од 1999 година“, вели Петир.
Петир додава дека после тоа, Македонија до денес не добила повик за членство во НАТО, ниту ги отвори преговорите за членство во ЕУ, дури ни под провизорното име.