По одобрувањето од страна на сојузниците:

ОФИЦИЈАЛНО, ЦРНА ГОРА Е 29.ЧЛЕНКА НА НАТО

(Преземено од МИА)


Членството на Црна Гора во НАТО официјално започна по одобрувањето од страна на сојузниците. Црна Гора е 29. членка на Алијансата и во нејзина чест, во штабот на НАТО во Брисел ќе биде одржана церемонија
БРИСЕЛ (АА) – Официјалното членство на Црна Гора во НАТО започна по одобрувањето од страна на сојузниците. Црна Гора е 29. членка на Алијансата и во нејзина чест, во штабот на НАТО во Брисел ќе биде одржана церемонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на којашто ќе учествуваат премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, покрај знамињата на останатите сојузници, ќе биде поставено и знамето на Црна Гора.
Црна Гора има војска од околу 2.000 војници и годишно за одбрана троши околу 69 милиони долари.
Поради географската поставеност, членството на Црна Гора ќе донесе големи придобивки за НАТО, со тоа што, освен крајбрежјето на Босна и Херцеговина во должина од околу 20 километри, НАТО ќе ја има контролата врз целиот брег на Јадранското Море, од Италија до Грција.
Членството на Црна Гора во НАТО е прво проширување по приемот на Албанија и Хрватска за членки на Алијансата во 2009 година.
– Русија е против -
Црна Гора прогласи независност, одвојувајќи се од Србија во 2006 година, а има блиски врски и со Русија. Двете земји ги поврзуваат дипломатски, историски, верски и културни односи.
По поканата од страна на НАТО во 2015 година, започнаа средбите за членство на Црна Гора во Алијансата, на што Русија излезе со јасен став дека е против членството на Црна Гора во НАТО.
По потпишувањето на Потоколот во црногорскиот Парламент, руското Министерство за надворешни работи излезе со писмено соопштение во кое беше наведено: „Сметаме дека членството на Црна Гора во НАТО е големa грeшка. Тоа е чекор што ќе и наштети на стабилноста на Балканот и на Европа. Тоа е одлука што е во спротивност на интересите на народот на Црна Гора“.