Во Собранието на Република Македонија

МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА

Миле Ристески


Со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 „воздржани“, Собранието ја изгласа новата Влада. Новиот кабинет даде свечена заклетва. Премиерот Зоран Заев порача дека ќе работат во интерес на сите граѓани. Ги повика министрите да ја извршуваат функцијата чесно и одговорно…
Со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“, Македонија ја доби новата Влада предводена од Зоран Заев. Вкупно 25 министри веднаш по изборот положија свечена заклетва дека ќе ги бранат интересите на граѓаните и државата.
Следуваат реформи во судството, парламентот, во медиумскиот простор, тајните служби. Новата Влада има потреба од подршка и од опозицијата заради тоа што следуваат сериозни процеси на реформи кои имаат за цел подобрување на целокупниот квалитет на живот на граѓаните- рече Заев во првата изјава како премиер. Посакува земјава да добие што побрзи рокови за евроинтеграциите. Новиот премиер ветува политика на зближување, без провокации со цел решавање на спорот со Грција, но и на горливите прашања во регионот.
„Се надевам дека ќе бидам доволно флексибилен и со разбирање за идната опозиција, заради тоа што навистина, Македонија има потреба од сплотеност, единство и заедничко делување во еден брз реформски процес, кој што ќе испорача добар квалитет. Јас сум убеден, со добар и динамичен план, сите заедно посветени, притоа незапоставувајќи го економскиот квалитет на животот на граѓаните, можеме за година ипол до две да кажеме дека извештајот на Прибе е исполнет, или она што значи реформски приоритети“, изјави премиерот Зоран Заев.
За разлика од нив, оставаме полна каса и здрав буџет. За безмалку 11 години, ги намаливме даноците, а невработеноста достигна рекордно ниво од 23 проценти. Направивме отворањето фабрики и работни места да е секојдневние- истакна од собраниската говорница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Осврнувајќи се на сработеното тој посочи дека просечната плата е двојно зголемена, социјалната помош покачена за 80 проценти, субвенциите достигнале над една милијарда, а Македонија ако во 2006-та била на 94 место за добра бизнис- клима, сега е 10-та во светот и 5-та во Европа. Груевски посочи дека надворешни центри работеле да се дојде до смена на власта.
„ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство и силно ќе се бори за интересите на државата. Државниот ќе остане пред партискиот и личниот интерес. Членството во НАТО и во ЕУ ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед. Народот и понатаму ќе може да смета и да се потпре на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои ќе останат на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Новата влада предводена од Зоран Заев вечерта ја заврши со традиционална заедничка фотографија и коктел.