Град Мелник

ПОЗДРАВЕН ГОВОР ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ ПО ПОBОД 102 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА ХЕРОЈСКА СМРТ, ОДРЖАН НА 23.04.2017 ГОДИНА ВО ГРАД МЕЛНИК. РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Радко Ѓорѓиевски


Почитувани,
На ова свето место, на гробот на великиот Јане Сандански, и се навраќаме на историјата како на голема учителка на животот. 3а да не учи и научи да ја сакаме Татковината и да ги носиме во срцата сите оние uno херојеки се жртвувале за ива.
Животот и делото на Јане Сандански се трајно вградени во историјата на македонското националио – ослободително дело и се нераскинлива врска меѓу трите македонски Илиндеха. Неговиот живот и дело се најсилно отсликани во неговата прочуена мисла: „Да живееш значи да се бориш: робот – за слобода, слободниот – за совршенство.”
Идниот Пирииски цар, познат уште како Сандан – Паша и Старикот, се роди во селото Влахи, Пиринска Македонија, во далечната 1872 година. Во 1899 година, од страна на Никола Малешевски, бип информиран за дејноста на Македонската револуционерна организација, по што следела првата Јанева средба со Гоце Делчев, кој убаво му ги објаснил целите на Организацијата. Во текот на Аферата Мис Стон (јули 1901 – февруари 1902), Јане Сандански н четата на Христо Чернопеев го покажаа чесното и праведното лице на македонската борба за слобода и ги спечалија симпатиите на грабнатата мисиоиерка и нејзината придружба.
Сандахски имаше развиено родољубно чувство и во сложените услови на мешање на соседиите држави во Македонија и однародувачките странски пропаганди, ја одбра правата страна – страната на централистите.
Според зборовите на Сандански: „Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маеи дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потираат на ryѓa помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поро6ат”.
За односот на Сандански кон Бугарија и бугарскиот народ најдобро сведочи неговото лично искажуванње: Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротивставуваме на иејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси”.
Познати се Јаневата оцеика за преуранетоста на Илиндеиското востание, но и меговото учество во востаиисто и во бурните и судбонооните поилинденски настани: судирите меѓј конзервативната и реформската струја ао Оргамизацијата; Младотурската револуција, Балканските војни, трагичната подепба на Македонија и почетокот на Првата светска војна.
Историграфски се обработени причините и околносгиге за убиството на Јане Сандански на 10.04.2015 година по стар стил, односно 23.04.2015 година по нов стил.
Во текот на Втората светека војна, битолскиот партизански одред го носеше името иа Јане Сандански.
Веднаш п0 ослободувањето и создавањето на современата македонска држава, македонскиот народ му одал видно признание на својот голем син. Јаневата личност и дело, редовно се одбележува на свечените академии и другл собири, в0 печатот, радиото и телевизијата.
Бројни се мемоарските, биографските и другите публикации за Сандански. Сандански е едеи од главните јунаци на еден од најгледаните македонски филмови, филиот „Мис Стои” на „Вардар филм – Скопје”, снимен во 7958 година, а во 2013 година, за него е снимен едночасовен телевизиски документарец, во копродукција на Македонската радиотелевизија и „Кавал фнлм” – Скопје.
Саидански е опеан и во народните песни, меѓу кои најиэведувани се „Падна Јане на Пирина” и, “Песната за Крушевската Република”. Името на Сандански се споменува и во текстот на македонската химна.
Весникот „Народна волја” од Благоевград, на кого му го честитаме 25- годишното излегување во овој град, во својот последен број, пригодно и со признателност, го најави денешмиот Семакедонски собир во Мепник.
На крајот, дозволете да посакаме;
Вечна спава и спомен на Јане Санданскн !
Напредок на Република Македонија и мир и разбирање иеѓу Македонците и другите етнички заедиици во неа !
Мир и разбирање меѓу македонскиот и бугарскиот народ и сите балкански народи, во интерес на европскиот и светскиот мир и разбирање!