По повод 25–годишното излегување на весникот „Народна волја” во Благоевград

ДО РЕДАКЦИЈАТА НА ВЕСНИКОТ „НАРОДНА ВОЛЈА“ – БЛАГОЕВГРАД

Слободан Беличански од Прилеп


Почитувани,
Од срце Ви го честитам јубилејот на Вашиот весник, поврзан со неговото 25–годишното излегување во Благоевград, Република Бугарија, и пожелувам да доживеете и други јубилеи на задоволство на Вашата читателска публика.
Веќе неколку години ја читам „Народна волја“, благодарејќи на Вашите секогаш љубезни и пречекливи прилепски пријатели и нивната љубов и почит за благородната мисијата на овој весник.
Ме импресионира фактот дека и најделикатните теми од македонско – бугарските односи и политичката историја на двата народи, како и од историјата на другите балкански народи, ги третирате без говор на омраза и реваншизам. На Балканот не му требаат нови непријателства и нови трагедии, во кои најмногу и најчесто страдаат малите луѓе. Во борбата за историската вистина никогаш не заборавате дека духот на помирувањето мора да негува и во овој дел на Европа.
Си дозволувам да сугерирам што поголемо присуство на теми од културната историја и сегашност на земјите од Југоисточна Европа, во склад со Гоцеделчевското гледање на „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Во тие рамки очекувам да ги акцентирате и темите за македонската јазична и културна посебност.
Вам и на сите жители од регионов им посакувам убави денови и години, исполнети со труд и напредок на сите полиња и заслужено и продуктивно членство и учествои во големото европско и светско семејство на народите.

Прилеп, Слободан Беличански од Прилеп,
21.04.2017 година
Република Македонија,
со мејл:s.belicanski@gmail.com