Реагирање на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана:

ВО АЛБАНИЈА НИТУ ИМАЛО НИТУ ИМА БУГАРИ

(По македонскиот печат)


Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, во име на сите Македонци во Албанија го осуди барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија.

– Категорично ги отфрламе тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, зашто тоа е груб фалисфикат на историјата и вистината. Во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане, стои во реакцијата на „Илинден“

Македонско друштво „Илинден’“, стои понатаму во реакцијата, ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата.

– Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во Албанија, кои се приндени на тоа поради екстремната сиромаштија и безизлесната ситуација во која се наоѓаат, се обидува вештачки да создава Бугари во Албанија, а коисвесна е дека ги нема, посочува друштвото.
Тоа бара од албанската и од македонската влада, да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побараат Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ.