ПОЕЗИЈА

ЗЛАТКА ДАМЈАНОВА – ЧЛЕН НА УРЕДУВАЧКИОТ КОЛЕГИУМ НА ВEСНИК „НАРОДНА ВОЛЈА”


До весник “Народна Волја” Благоевград

Почитувани,
Ви испраќам материјал од една традиционална поетска манифестација која се одржа деновиве во Прилеп, во Градот под „Марковите кули“, во Република Македонија.
Манифестацијата „Поетско Маркукуле 2016“, за прв пат имаше меѓународен карактер, на која учествуваа покрај поети од Македонија и поети од Хрватска и Србија, а се одржа по 11-ти пат на падините од Марковите кули, на местото кај „Слонот на тронот“, со учество на повеќе од 50 поети.
Организатори беа Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп, Културното друштво од Словенија „Пела“ и Локалната самоуправа од градот.
Интересно е да ја споменеме и изјавата на директорот на Библиотеката , Петар Петрески, дека неколку компоненти ја правеле уникатна оваа манифестација која на сите до сегашни 11 манифестации привлекувала бројни пријатели од Прилеп и пошироко.
„Пред се, манифестацијата не е селективна, на поетите и љубителите на поетската уметност им овозможуваме слободно да се претстават со својот творечки труд, без пред тоа да бидат вреднувани и оценувани од некакво уметничко жири. Потоа, на крајот од манифестацијата го поделуваме и зборникот „Поетско Маркукуле 2015“, во кој се поместени сите песни од учесниците на претходната манифестација“, ни подвлече Петар Петрески.
На манифестацијата беше прочитана песната на Златка Дамјанова со наслов ,,Не стивната глад за Македонија“. Истата ја читаше артистот на Народниот театар од Прилеп, г-н Игор Трпче.
За манифестацијата да биде во што поголем број посетена, за љубителите на пиша ниот збор беше обезбеден и автобуски превоз од градот до локалитетот на „Поетско Маркукуле 2016“, кај Слонот на тронот.
Материјалот го испраќа Ратко Ѓоргиоски од Прилеп, со надеж дека текстот ќе биде помесен во следниот број на весникот „Народна Волја“.

Со почит, Ратко Ѓоргиоски

— — —

НÉ СТИВНАТ ГЛАД ЗА МАКЕДОНИЈА

Тие немаат милост и работат без умор
настрвени да го палат огнот на раздор!
Се стремат диво, настрвени
залачето да го лапнат не наситно!

И точно по иногондурски,
туѓото да го делат по ,,братски“
ни чепкаат по душите – нé запираат,
злодејствуваат и нé шпиунираат!

Се нови начини откриваат,
сакаат да не екстрадираат
вон од родината наша древна
сакана и недогледна!

Народот ѕверски е убиван
пален, крварел измачуван,
ограбуван и асимилиран
од туѓи шајки окупиран!

Не запираат и сé претвораат во ад,
ужасен ни е ѕверскиот глад …
но бог за злото нé простува!
Според нам не позната тапија.

Од племето на Гањо се стопија,
а елинското со двете нозе,
во гнасната кал се срозе …

не е тоа дело на судбината,
дело е тоа на сатаната!

Во Прилеп на 2-ри август, Илинден, 2016 година
ЗЛАТКА ДАМЈАНОВА