Култура

АПЕЛ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ТЕАТАРОТ „СКРБ И УТЕХА”


Театарот „Скрб и утеха” петта година по ред не добива средства за театарска премиера од страна на Министерство за култура на Р. Македонија. Овој театар со години одржува културни врски со Македонците во пиринско, егејско, албанско со Македонците во Србија, Хрватска, Словенија, Турција Европа и прекуокеанските земји. Оваа година после 22 лета Господови е укината и подршката за духовните се-македоски средби „Армакедонски слави“( Дион-Исус-ови слави)…. а театарот по втор пат гостуваше во пиринско после Сандански, Мосомиште, Гоце Делчев сега за Петровден играше сцени од светото писмо и од преставите на „Скрб и утеха“ кај Македонците во Кремен. Апелираме и ја бараме подршката од сите македоски заедници да се изврши притисок врз Министерзтво за култура да ја сопре цензурата кон оваа македонска национална институција. Театарот брои 27 години непрекинато дејство за македонските работи. Духовен геноцид е да се укинува оваа македобска културна институција која го носи името на првиот македонски театар во 20 век на Војдан Поп Георгиев Чернодринси „Скрб и утеха“ Ни рече во својата изјава директорот на овој театар професорот др. Тихомир Стојановски.