|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
НА СЕМАКЕДОНСКИОТ СОБИР ВО МЕЛНИК: |
ПОЗДРАВЕН ГОВОР ОД РАТКО ЃОРЃИОСКИ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ, ПО ПОВОД 103 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА ХЕРОЈСКА СМРТ, ОДРЖАН НА 22.04.2018 ГОДИНА |
Почитувани,

На ова свето место, пред споменикот на великиот Јане Сандански, со должна и искрена почит, си споменуваме за животот и делото на овој доживотен вљубеник во неговата мајка Македонија.

Пиринскиот цар, револуционерот и борецот за македонска слобода и народна правда Јане Сандански (роден во 1872, а убиен во 1915 година), беше и за навек ќе остане видна и светла личност во македонската, балканската, европската и светската историја.

Неговиот живо и дело се најсилно изразени во неговата надалеку позната мисла: „Да живееш значи да се бориш: робот – за слобода, слободниот – за совршенство.“ |
|
|
|
|
Средба во Македонската академија на науките и уметностите |
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ПРИМИ УЧЕСНИЦИ НА МЕЃУНАРОДНАТА НАУЧНА МАНИФЕСТАЦИЈА „МАКЕДОНИСТИЧКИ ДЕНОВИ ВО МАНУ“ |
(Преземено од МИА)
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска прими дел од учесниците на Меѓународната научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ", што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите.

На средбата присуствуваа проф. д-р Марјан Марковиќ, организатор на конференцијата и член на МАНУ, истакнат лингвист, македонист, славист и балканист, проф. д-р Мотоки Номачи, славист од Јапонија, проф. д-р Кристина Крамер, македонист од Универзитетот во Торонто, проф. д-р Јан Соколовски, од Универзитетот Вроцлав од Полска, и проф.д-р Татјана Вендина, која го води престижниот проект Општословенски лингвистички атлас при Меѓународниот комитет за славистика. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
НАРОДНА ВОЛЈА
|