Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Економија

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО „МИНСТРОЈ“, 1.000 РУДАРИ ОД ЗЛЕТОВО И ТОРАНИЦА СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА

Свето Николовски
(Преземено од МРТ)



1.000 рудари од Злетово и Тораница се враќаат на работа, потпишан договорот за концесија на рудниците. Од новиот инвеститор „Минстрој“ велат дека ќе вложат во современа опрема. Идниот месец се очекува и првиот вагон со руда од Злетово...

Бугарскиот „Минстрој холдинг“ и официјално ја доби концесијата за ископување оловоцинкова руда во Злетово и Тораница. Првите вагони руда ќе излезат од Злетово во мај, а набрзо потоа ќе се реактивира и Тораница. Концесионерот ќе ги исплати сите неисплатени плати и ќе вложи дополнителни 10 милиони евра во нова опрема. Во државната и во општинските каси влегуваат 2 милиона евра концесиски надоместок.

За граѓаните е важно што новиот инвеститор најави дека ќе ги врати на работа сите 1000 вработени во двата рудника. А воедно дека дополнително ќе инвестира во нова и современа опрема со која двата рудника ќе работат успешно и профитабилно“, изјави премиерот Емил Димитриев.

„Се рестартира производството во рудците, се раздвижува индустријата за минерални суровини и руди, се подобрува регионалниот економски развој, се креираат дополнителни работни места и бизнис активностите во компаниите кои соработуваат со рудниците и со тоа се влијае на намалување на енвработеноста и на зголемување на индустрискиот раст во РМ кој во 2016-та бележи двоцифрени стапки на пораст“, нагласи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

„Минстрој холдинг“ има 2.500 вработени и стопанисува со 6 најголеми бугарски рудници. Има големо меѓународно искуство, а досега изградила 150 рудници во повеќе земји. Вети инвестиции и двојно поголеми плати за рударите во Злетово и Тораница.

„Јас ќе им платам веднаш се што треба да добијат, ќе ги вратам на работа уште во месец април, а во месец мај ќе почнеме со работењето и ќе ја имаме првата руда. Имам претстава што треба да се направи, каква техника и опрема треба да се купи и повторувам дека ќе реализирам 10 милиони евра инвестиции“, изјави Николај Валканов, сопственик на „Минстрој холдинг“- Бугарија.

Второстепената комисија вчера ги одбила жалбите на двете компании кои беа елиминирани пред јавното електронско наддавање. Едната имала пренесувано загуби од година на година, додека другата немала ревидиран финансиски извештај туку самата го подготвила, појасни заменик - министерот за економија Делев.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


СКРЪБНА ВЕСТ

ИВАН ЛЮТОВ

На 05.03.2016 година след продължително и тежко боледуване почина Иван Атанасов Лютов.

Роден на 23.06.1937 година в село Самуилово, Петричко, Иван е един от най-известните македонци в селото. Още в началото на прехода той тръгва да търси истината за Македония и македонците и да се бори за нейното признаване. Отначало тръгва с ОМО „Илинден”. По-късно, след основаването но ОМО „Илинден”-ПИРИН се присъединява към нея и става неин член.

Макар че е преследван, дори е понесъл няколко бухалки по гърба при пътуването за Самуилова крепост и Роженския манастир, той търпи и продължава своя път за осъществяването на идеята.

Дълги години бе разпространител на в. „Народна воля”.

Поклон пред паметта му!
От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден”-ПИРИН, от редколегията на в. „Народна воля” и секцията на партията в с. Самуилово




Гледай македонска МРТ!
on.net.mk/zulu-tv/mtv




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting