Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Никола Груевски:

ИНВЕСТИЦИЈАТА НА „ЏОНСОН КОНТРОЛС“ ВО СТРУМИЦА ЌЕ ОВОЗМОЖИ НАЈМАЛКУ 2.500 ВРАБОТУВАЊА


Отворањето на „Џонсон Контролс“ е одлична инвестиција за Струмица, бидејќи градот немаше поголем странски инвеститор кој би апсорбирал голем број од невработената работна сила. Отворањето на објектот е одлична можност луѓето да го решат овој проблем.
По успешноста на фабриката во Штип, американската компанија „Џонсон Контролс“ отвора нов погон во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари, а која до крајот на годинава ќе отвори 1.500 нови работни места.
Компанијата со пробно производство стартуваше пред неколку дена во браунфилд инвестиција – во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд – сопствен објект, најдоцна до пролет следната година. Се очекува дека вкупниот извоз да достигне над 80 милиони евра годишно. фактот дека „Џонсон Контролс“ реинвестира во Македонија, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е потврда за успешноста на владините политики за подобрување на бизнис климата и креирање плодна почва за вложување.
– Нашата намера не е да застанеме само со оваа инвестиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е задоволна само со една крупна инвестиција во Струмица, туку и понатаму ќе работиме да убедиме и други странски компании да дојдат овде и да инвестираат и да отворат нови работни места во Струмица и во струмичкиот крај, рече Никола Груевски во Струмица.
Нагласи дека на тој начин невработеноста во Струмичко дополнително ќе се намали и додаде дека во последниве 10 години во Струмица се отворени над 5.300 нови работни места од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа е добар податок кој покажува дека се оди во добра насока и дека расте вработеноста. Минатото лето токму од Струмица најавив дека „Џонсон Контролс“ планира да отвори објект во Струмица. Во меѓувреме добро се одвиваа работите и покрај одредени проблеми со коишто се соочувавме, сепак се успеа да се склучат договорите со „Џонсон Контролс“ на време и компанијата да започне со производство во бранунфилд инвестиција во Струмица, изјави Груевски по посетата на Струмица.
Нагласи дека Џонсон контролс во средата започна со пробно производство и дека се вработени 300 луѓе во компанијата.
– До крајот на годината Џонсон контролс планира вработување на уште 150 работници, а вкупниот број на вработени ќе достигне околу 1.500. Следниот месец „Џонсон Контролс“ ќе започне со изградбата на гринфилд објектот во ТИРЗ Струмица, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја гради и во рок од една година треба да биде завршен нивниот нов објект. Потоа сите вработени ќе се префрлат таму и ќе се докомплетира до планираните 1.500 вработени, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека постои можност дел од вработените да останат и во сегашниот браунфилд објект.
– Од искуство можам да кажам дека компании од ваков вид многу често одат и над проектираната бројка на вработени. Таков е случајот во Штип и во Скопје каде имаше проектирано 1.427 вработувања, а бројките отидоа за неколку стотици повеќе до 1.700, 1.800 и повеќе, рече Груевски.
„Џонсон Контролс“ со овој капацитет, во наредните неколку години има можност да вработи речиси 3.000 луѓе.
Инаку, 2016. ќе биде година на странски инвестиции. 13 договорени или реализирани и 3 најавени само во првите 3 месеци. Сите заедно вложуваат над 100 милиони евра и отвораат речиси 6.300 работни места.
Од почетокот на годината 4 компании почнаа со работа, 2 почнаа со градба, 4 потпишаа договори, 3 објавија дека влегуваат во земјава, а беа најавени уште 3 кои треба и да ја соопштат одлуката.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


СКРЪБНА ВЕСТ

ИВАН ЛЮТОВ

На 05.03.2016 година след продължително и тежко боледуване почина Иван Атанасов Лютов.

Роден на 23.06.1937 година в село Самуилово, Петричко, Иван е един от най-известните македонци в селото. Още в началото на прехода той тръгва да търси истината за Македония и македонците и да се бори за нейното признаване. Отначало тръгва с ОМО „Илинден”. По-късно, след основаването но ОМО „Илинден”-ПИРИН се присъединява към нея и става неин член.

Макар че е преследван, дори е понесъл няколко бухалки по гърба при пътуването за Самуилова крепост и Роженския манастир, той търпи и продължава своя път за осъществяването на идеята.

Дълги години бе разпространител на в. „Народна воля”.

Поклон пред паметта му!
От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден”-ПИРИН, от редколегията на в. „Народна воля” и секцията на партията в с. Самуилово




Гледай македонска МРТ!
on.net.mk/zulu-tv/mtv




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting