Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија дел од глобалниот натпревар на НАСА

120 СТУДЕНТИ ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТСКИ ХАКАТОН НАТПРЕВАР НА НАСА

Наташа Јанчиќ
(Преземено од МРТ)



120 студенти од Македонија се вклучија во глобалниот светски хакатон натпревар на НАСА. Ќе бараат иновативни идеи и ќе креираат решенија за решавање на проблемите на земјата и животот на вселената. Најдобрите ќе партиципираат во реализацијата на проекти со европската програма за акцелирање...
Студенти по програмирање и дизајн, биологија, хемија, физика и географија овие два дена ќе креираат иновативни решенија, ќе бараат иновативни идеи за решавање на проблемите на Земјата, како и решенија за живот во Вселената.
„Го одбравме спејс- рут 66 предизвикот на кој ќе работиме, треба да направиме виртуелна реалност, а тоа ќе го направиме преку видео игра. Ќе видиме на крај како ќе функционира сето тоа“, вели Стефан Таушанов, учесник на хакатон натпреварот на НАСА.
Стефан со уште 120 студенти од Македонија е дел од Хакатон натпревар на Американската вселенска станица НАСА.
„Ова зборува за одличната подлога која ја направивме како држава за младите луѓе кои се подготвени да создаваат иновативни решенија во техничките науки и дека светот го препознава нашиот талент“, изјави министерката за инфомратичко општество Марта Арсовска-Томовска.
Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма која ќе им помогне да ги реализираат нивните проекти.
„Овој натпревар се разликува од останатите затоа што е глобален, а младите од Македонија имаат можност да учествуваат во конкурентна средина со млади информатичари и студенти од технички науки од целиот свет“, изјави Иван Џорбев, декан на ФИНКИ.
Минатата година на пример, презентирана е иновација која ќе ги ослободи астронаутите од јажиња со електромагнетни полиња што ќе бидат поврзани со алатките на астронаутот, што би лебделе околу него.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


СКРЪБНА ВЕСТ

ИВАН ЛЮТОВ

На 05.03.2016 година след продължително и тежко боледуване почина Иван Атанасов Лютов.

Роден на 23.06.1937 година в село Самуилово, Петричко, Иван е един от най-известните македонци в селото. Още в началото на прехода той тръгва да търси истината за Македония и македонците и да се бори за нейното признаване. Отначало тръгва с ОМО „Илинден”. По-късно, след основаването но ОМО „Илинден”-ПИРИН се присъединява към нея и става неин член.

Макар че е преследван, дори е понесъл няколко бухалки по гърба при пътуването за Самуилова крепост и Роженския манастир, той търпи и продължава своя път за осъществяването на идеята.

Дълги години бе разпространител на в. „Народна воля”.

Поклон пред паметта му!
От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден”-ПИРИН, от редколегията на в. „Народна воля” и секцията на партията в с. Самуилово




Гледай македонска МРТ!
on.net.mk/zulu-tv/mtv




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting