Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Економија

ЧЛЕНКИТЕ НА МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКАТА КОМОРА ПОВТОРНО БИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

(Преземено од „Република")


Седумдесет и пет отсто од компаниите членки на Македонско­ германското стопанско здружение, а кои работат во Македонија повторно би инвестирале во нашата држава. Ова на денешната прес­конференција го соопшти Мартин Кнап од Комората, кој ги презентираше резултатите за деловната клима во земјава за 2016 година.

Анкетата за економската клима е спроведена во 16 држави од средна и Источна Европа, а годинава учествувале вкупно 59 претпријатија. Во Македонија има над 200 претпријатија со германски капитал. Трговската размена меѓу Германија и Македонија во 2015 година надмина две и пол милијарди евра. Околу 10 отсто од претпријатија, според резултатите, сметаат дека состојбата во државата е добра, 40 отсто задоволителна, а 50 отсто лоша.

Што се однесува до очекувањата, како што рече Кнап, 14 отсто од компаниите мислат дека таа ќе биде подобра, додека 57 отсто оти нема да се промени. Само 29 мислат дека ќе се влоши состојбата. Тој додаде дека анкетата е спроведена пред актуелните збиднувања во Македонија.

На прашањето како го гледате вашето сопствено претпријатие 45 отсто од компаниите сметаат дека состојбата во сопственото претпријатие е многу добра, а 8 проценти велат оти нивното претпријате е во незавидна ситауција. ­ На прашањето како ќе биде во иднина, какви ќе бидат прометот и приходите оваа година, 9 проценти велат дека ќе опаѓа прометот.

– Што се однесува до извозот, само 4 проценти сметаат дека постои опасност од намалување на прометот со странство, а 33 отсто сметаат дека ќе извезуваат повеќе што би се одразило на трговијата. 40 отсто сметаат дека ќе вработат нови луѓе, а 13 отсто мислат дека бројот на работните места во нивната фирма ќе се намали – рече Кнап.

Според анкетата, најлошите оценки се однесуваат на справувањето со корупцијата, политичката и социјалната состојбата и со платежната дисциплина. ­ Додека најдобри оценки има за даночното оптоварување, кое на Македонија е реалтивно ниско и Управата за јавни приходи е оценета како добра, а најчесто во другите држави не е така.

- Бидејќи Управата во другите држави добива полоши оценки, во Македонија ми се допаѓа тоа што имаме поинаква ситација – рече Кнап.

Тој информира дека образовниот систем е оценет како добар и појасни оти најдобрите оценки се дваат за фактори кои се повразни со луѓе, со вработените кои се наоѓаат во државата и кои можат да бидат вработени. На новинарско прашање, Кнап одговори дека во моментов не се планирани нови инвестиции од Германија, ниту во Македонија ниту во државите од поранешна Југославија.

Постоечките инвестиции се прошируваат, се вработуваат нови луѓе и тоа е доказ, форма на доверба - рече Кнап.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


СКРЪБНА ВЕСТ

ИВАН ЛЮТОВ

На 05.03.2016 година след продължително и тежко боледуване почина Иван Атанасов Лютов.

Роден на 23.06.1937 година в село Самуилово, Петричко, Иван е един от най-известните македонци в селото. Още в началото на прехода той тръгва да търси истината за Македония и македонците и да се бори за нейното признаване. Отначало тръгва с ОМО „Илинден”. По-късно, след основаването но ОМО „Илинден”-ПИРИН се присъединява към нея и става неин член.

Макар че е преследван, дори е понесъл няколко бухалки по гърба при пътуването за Самуилова крепост и Роженския манастир, той търпи и продължава своя път за осъществяването на идеята.

Дълги години бе разпространител на в. „Народна воля”.

Поклон пред паметта му!
От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден”-ПИРИН, от редколегията на в. „Народна воля” и секцията на партията в с. Самуилово




Гледай македонска МРТ!
on.net.mk/zulu-tv/mtv




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting