Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија:

ИВАНОВ ЗА „ТО ВИМА“: МИГРАНТСКАТА КРИЗА Е МОЖНОСТ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ДА ПОЧНАТ ДА СОРАБОТУВААТ

(Преземено од МИА)


На грчката јавност треба да и биде јасно дека затворањето на балканскиот коридор не е на штета на Грција, туку напротив во нејзина корист. Македонија никогаш не беше дел од решението за ограничување на чие било движење и никогаш не сме поддржале исклучувања на Атина од иницијативите поврзани со мигрантската криза, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за грчкиот весник „То Вима“.
Грција дозволи импровизирани кампови на самата гранична линија со Република Македонија и со тоа ги охрабри мигрантите да користат илегални премини, со што директно ја загрози нашата национална безбедност. Потврда за ова е инцидентот на 14 март, кога околу 2500 лица беа илегално уфрлени на македонска територија, вели Иванов запрашан како го коментира затворањето на балканскиот коридор и дали смета дека Атина требало да биде вклучена во дискусиите за изнаоѓање решение за напливот на беглаци по Балкнаската рута.
- Трагедијата е што ваквата практика продолжува. И покрај затворениот коридор, секоја вечер регистрираме над 100 обиди за илегален влез во Република Македонија. По се изгледа дека одредени политичари во Грција не ја сфаќаат сериозноста на безбедносните ризици што со себе ги носи оваа криза. Веќе постојат индиции дека дел од уапсените и осомничените за терористичките напади ја користеле токму Балканската рута, вели Иванов во интервјуто за То Вима.
За парадоксот да биде уште поголем, продолжува Иванов, сега во Грција се води негативна кампања против Македонија. Грчките граѓани треба да бидат информирани дека и јавно, но и во разговорите со моите соговорници од ЕУ барав да и се помогне на Грција.
Во однос на „Мерките за доверба“ Иванов потенцираше дека тие беа на инцијатива токму на македонската страна и дека Република Македонија направи се за да изгради мостови со грчкото општество дури и во услови кога грчката влада правела се за да ја поткопа таквата соработка.
- Тука се вбројуваат и многуте неуспешни обиди за средба со сегашниот и поранешниот грчки претседател. Надвор од секаква логика е претседателите на две соседни земји, без оглед дали сегашни или поранешни, да не се сретнат ниту еднаш. За чудо, до денес нема позитивен одговор од Атина за моја средба со грчкиот претседател, иако не инсистираме ниту на формат, место, време или тема на средбата, изјави тој.
Средби со македонски стопанственици, професори, студенти или новинари уште долго време ќе бидат незамисливи за официјална Атина, смета Иванов.
- На 25 март, по повод прославата на Денот на независноста на Грција, по втор пат присуствував на дипломатскиот прием кој го приредува грчкиот амбасадор во Скопје. Веќе следниот ден, мојот грчки колега, претседателот Павлопулос, ја „врати услугата“ – со уште една навредлива изјава за Македонија, посочува Иванов.
Ниту еден проблем, вели Иванов, не бил решен со негово игнорирање и избегнување на комуникација. „На таков начин нема да се реши ниту мигрантската криза, ниту прашањето за името. Егото и агресивните политики од минатото треба да се заборават еднаш засекогаш, а за доброто на новите генерации и нивниот напредок, треба да се соочиме со проблемите, не да бегаме од нив“ , порача претседателот Иванов во интервјуто.
Запрашан на што се должи „замрзнувањето“ на преговорите за прашањето околу името, претседателот Иванов порача дека тој секој пат бил и е подготвен за директни средби со кој било политичар и општественик од Грција.
Моите средби со премиерот Ципрас се охрабрувачки, вели Иванов.
- Реалноста е дека Република Македонија е суверена и независна држава, и со наметнати и еднострани решенија невозможно е да имаме соодветно затворање на ова прашање“, изјави тој.
Тезата што ја пласираа одредени грчки политичари, дека Македонија се обидува својот влог во мигрантската криза да го пазари за членство во НАТО или ЕУ, Иванов ја оцени како небулозна.
Иванов изрази надеж дека повеќето Грци сфаќаат дека Република Македонија не е непријател на нивната земја, туку напротив, е нација со која Грција дели многу повеќе отколку што се чини на прв поглед.
- Би сакал да има доволен број на политичари во Атина кои би имале храброст да го признаат ова и да го спојат со непобитниот факт дека сигурна, стабилна и напредна земја на нивната северна граница, членка на ЕУ и НАТО, е во најдобриот стратешки интерес на Грција“, порачува Иванов во интервјуто за „То Вима“.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


СКРЪБНА ВЕСТ

ИВАН ЛЮТОВ

На 05.03.2016 година след продължително и тежко боледуване почина Иван Атанасов Лютов.

Роден на 23.06.1937 година в село Самуилово, Петричко, Иван е един от най-известните македонци в селото. Още в началото на прехода той тръгва да търси истината за Македония и македонците и да се бори за нейното признаване. Отначало тръгва с ОМО „Илинден”. По-късно, след основаването но ОМО „Илинден”-ПИРИН се присъединява към нея и става неин член.

Макар че е преследван, дори е понесъл няколко бухалки по гърба при пътуването за Самуилова крепост и Роженския манастир, той търпи и продължава своя път за осъществяването на идеята.

Дълги години бе разпространител на в. „Народна воля”.

Поклон пред паметта му!
От Председателството и ЦС на ОМО „Илинден”-ПИРИН, от редколегията на в. „Народна воля” и секцията на партията в с. Самуилово




Гледай македонска МРТ!
on.net.mk/zulu-tv/mtv




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting