|
|
|
Когато фактите говорят, "ветропоказателите" стават за смях! |
С БАСНИ СРЕЩУ ИСТИНАТА, СЪС СТРАХ СРЕЩУ ПРАВОТО |
Самуил Ратевски
(Продолжува од минатиот број)
Така лъжат онези, които имат жителите в Пловдив за гърци“, ни дава да разберем, че когато българите се назовават „ромеи“, те действително имат предвид „членове на православната християнска общност“, а не „етнически гърци“.“ (Раймонд Детрез, „Турците със сила, гърците с книга“. Митът за двойното робство, https://librev.com/discussion-bulgaria-publisher/1624-2012-06-01-20-04-19,01 Юни 2012).
Благодарение на чуждите пропаганди на мястото на това самосъзнание се появяват нови самоопределения и идентичности, базирани на европейските моди и увлечения, като хората често ги менят и минават от една в друга, обикновено не ги разбират много добре, но нали идат от „цивилизацията“... За значението на тази европейска идейна инвазия може би най-драстичен е примерът със създаването на новите „елини“, за който вече стана дума. На база на елинофилските моди в Европа от 18. век създадената държава с център Атина вместо да вземе името, използвано векове от населението, а именно ромеи, приема името „Елада” и започва да учи населението си, че е елинско. И така европейските моди и мечти за славната Елада, люлка на европейската цивилизация, демокрацията и прочие европейски блянове, се въплъщават в тази балканска държавичка, променяйки и подменяйки идентичността на населението й в угода на европейските модни салони.
|
|
|
|
Исторически истини от български учени |
ЦАР ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ |
д-р Гаврил Кацаров
(Продолжува од минатиот број)
Така Тесалия била забъркана в домашна война и не могла да вземе участие в борбата срещу Фокида. Тесалийците скоро изпаднали в голямо затруднение и се принудили да повикат на помощ Филипа.
Между това Филип не бездействал. Когато тиванският пълководец Памен минал през Македония (пролетта 353 г. пр. Хр.), за да иде на помощ на Артабаза, сатрапа на Фригия, който въстанал против персийския цар Артаксеркс Охос и бил поискал помощ от Тива, Филип придружил Памена, за да улесни похода му през Тракия, а същевременно да изпълни и свои планове. След като Памен минал в Мала Азия, Филип превзел Абдера и Марония, атински съюзни градове, и имал намерение да нападне и тракийския Херсонес (Галиполски полуостров), който бил атински. Дори и тракийският цар Керсоблепт влязъл в преговори с Филипа и го подбудил към тоя поход; ала Амадок не му позволил да мине през неговата територия. |
|
|
|
|
|
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов: |
ДА ЈА НАПРАВИМЕ МАКЕДОНИЈА ПОБЕДНИЧКИ ТИМ ВО СЕКОЈА ОБЛАСТ |
Денес, го славиме 22. роденден на независна, самостојна и суверена Република Македонија. Во текот на еден човечки живот, 22 години се период на зреење и преминување во доба на зрелост. Во историјата на една држава, пак, 22 години се само миг. Во изминатите 22 години, многумина се сомневаа во нашата зрелост, истрајност и способност да имаме сопствена држава, Ние издржавме на нашиот праведен пат и го исполнуваме сонот на илинденците и АСНОМ-ците. Повеќе од јасно е кои сме, каде сме и каде сакаме да бидеме. Да ја направиме Македонија победнички тим во секоја област.
Ова го истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање вечерва на свечената академија по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија во Македонската Опера и Балет пред државниот врв, министри пратеници, дипломатскиот кор... Тој посочи дека државата е како едно семејство, а за секое семејство, една од најважните нешта се соседите, бидејќи секое семејство сака да живее во добро соседство. |
|
|
|
Коментар |
КОГА БУГАРИТЕ САКААТ ДА СТАНАТ МАКЕДОНЦИ |
МИЛАН БАНОВ
Преземено од в."Н. Македонија"
Секогаш кога некој ќе се обиде или и директно ќе се откаже од она што го потврдува неговото постоење, од историјата, јазикот, културата, традицијата, значи од самиот себе, станува јасно дека си имате работа со незадоволник, па и со длабоко несреќен човек, кој, не препознавајќи ги своите вредности и вредностите на својата земја, бара нешто повеќе со што ќе си ја лекува оловно тешката фрустрација што го притиснала. И таа состојба на духот, речиси по дефиниција, копа по туѓото, го фалсификува, го плагира, сака да му даде свои својства, да го приспособи на некои свои услови и потреби, да го приближи до себе, конечно, да го присвои, односно украде. |
|
|
|
|
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ: |
МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ, ПОМИНА ПРЕМНОГУ ВРЕМЕ! |
Александра Тимковска
(Преземено од МИМ)
Секогаш постои простор за продлабочување на соработката, а добрата бизнис клима која ја имаме верувам дека хрватските компании кои сакаат да излезат надвор од Хрватска, заради кои било причини, ќе најдат свој интерес кај нас. Членството на Хрватска во ЕУ не мислам дека може нешто да влоши во нашите односи, туку мислам дека може да биде само предност, изјави премиерот Никола Груевски
"Не сме соседи, но не поврзуваат доста работи за кои веќе зборувавме и ќе зборуваме, како што е стопанството, кое ни е приоритет, но и за влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Со Македонија, која досега требаше да биде членка и на НАТО, треба што поскоро да се отворат преговорите за членство во ЕУ. За жал, знаеме каде се препреките и јас за нив до некаде имам разбирање, но помина премногу време", истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на вчерашната официјална средба во Загреб со претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, притоа додавајќи дека местото на Македонија е во тие асоцијации. |
|
|
|
|
|
Џејмс Р. Вајсман, американски археолог: |
НЕ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА СТОБИ Е НА ВРВОТ ВО ЕВРОПА |
Весна И. Илиевска
(Преземено од "Дневник")
Стоби е прекрасно место, голем археолошки локалитет во Европа. Треба да се посети ова место. Помнам првпат кога дојдов овде, пред многу години, немаше ограда околу локалитетот. Ние ја поставивме првата. Ископувавме многу години. Но, луѓето што сега работат направиле многу повеќе. Радосен сум што дојдов и видов што откриле во последно време, вели американскиот археологот Џејмс Р. Вајсман, жива легенда за македонската археологија, денес пензиониран професор од бостонскиот универзитет.
Тој е човекот за кој велат дека е најзаслужен што Стоби, еден од нашите најрепрезентативни локалитет, е откопан и признат во светот. Деновиве повторно го посети локалитетот на кој систематски работеше повеќе од десет години. Ја основал катедрата за археологија на Универзитетот во Бостон, тој е почесен претседател на Американскиот археолошки институт, по кој е именувана највисоката книжевна награда на САД за објавени дела од областа на археологијата. |
|
|
|
Коментар |
ДОБРОСОСЕДСТВО МЕЃУ ГРЧКАТА И БУГАРСКАТА МАКЕДОНИЈА |
Дарко Јаневски
(Преземено од "Дневник")
Во сенка на посетата на Метју Нимиц на Атина и на Скопје речиси незабележано мина еден проблем поврзан со условот поставен од ЕУ кон Македонија за добрососедство, а кој ние, изгледа и со најдобра волја, нема да можеме да го решиме. Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека не може да се доведува во прашање историскиот идентитет на грчката Македонија. Но, од друга страна, изминативе месеци Бугарија е преплавена со изјави од бугарски интелектуалци, на пример, академикот Георги Марков, ексдиректорот на бугарскиот централен архив, Цочо Билјарски, и да не набројуваме понатаму, со кои се пласираат познатите тези за бугарските карактер и историја на Македонија. Kаде е тука нашиот проблем? |
|
|
|
Керим за посетата на Нимиц: |
ГРЧКАТА ПОЗИЦИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРЕТОЧИ ВО РЕШЕНИЕ |
Преземено од "МТВ"
Метју Нимиц има јасен мандат од Обединетите нации и како посредник во преговорите за името е должен да се движи во поставените рамки, без разлика какви се црвените линии на двете страни, изјави Срѓан Керим, претседател на 62. Заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во интервју за МТВ.
Според него, Грција не може да се надева дека ќе и поминат барањата што ги испорачува, нагласувајќи дека преговорите не можат да завршат со прифаќање на еднострана позиција на една од двете страни.
- За такви дипломатски преговори не сум слушнал дека постојат, тоа би било преседан во меѓународната пракса. Еве, и Србија и Косово преговараат со посредништво на ЕУ, па никогаш не разбрав или видов дека Ештон прифаќа безусловно ставови само на едната страна. Што значи, и грчката страна и да се надева или да мисли дека сето тоа што го замислила ќе и помине, не верувам дека ќе биде така – објаснува Керим. |
|
|
|
Двусмислена публикация |
И ПОЛУИСТИНАТА В ПОМОЩ НА ЛЪЖАТА |
Д.и.н.СТОЙКО СТОЙКОВ
(Продолжува од минатиот број)
Во сенка на посетата на Метју Нимиц на Атина и на Скопје речиси незабележано мина еден проблем поврзан со условот поставен од ЕУ кон Македонија за добрососедство, а кој ние, изгледа и со најдобра волја, нема да можеме да го решиме. Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека не може да се доведува во прашање историскиот идентитет на грчката Македонија. Но, од друга страна, изминативе месеци Бугарија е преплавена со изјави од бугарски интелектуалци, на пример, академикот Георги Марков, ексдиректорот на бугарскиот централен архив, Цочо Билјарски, и да не набројуваме понатаму, со кои се пласираат познатите тези за бугарските карактер и историја на Македонија. Kаде е тука нашиот проблем? |
|
|
|
|
|
|
|
|
НАРОДНА ВОЛЈА
|