|
|
|
|
|
|
За популяризиране на нашата кауза по света |
СПОМЕНИ НА ЕДИН ДОСТОЕН МАКЕДОНЕЦ |
Избор и бележки:
СТОЙКО СТОЙКОВ
(Продолжува од минатиот број)
Доколкото си спомням, следствието ни продължи повече от три месеца, през което време имах още не една и две изненади, а много, и то най-разнообразни, коренно различни една от друга. Имаше стоене прав до стената по цели денонощия, докато човек изгуби съзнание и не може повече да стои; имаше крепене на стената с глава, със силно опънати назад крака и ръце на кръста, стоене до стената с главата надолу, превръщане на очните кухини в пепелници, биене с тънки пръчки, и то по най-уязвимите места, и много, много други най-съвършени методи и начини за изтръгване не на безспорни истини, а за изтръгване на възмутителни лъжи и инсинуации. |
|
|
|
|
|
|
Сто години од балканските војни |
ЕГЗОДУСОТ ОД ЕГЕЈОТ ОДНЕСЕ 200,000 МАКЕДОНЦИ |
(Преземено од Дневник)
Деновиве повторно одбележувања и комеморации за стоте години од балканските војни. В година и на Првата светска војна на Балканот. Сите наоколу ги одбележуваат своите победи или порази, своите аспирации и завојувања или, пак, неостварени сништа за големи држави, нации, превлади и доминации на овој мал европски простор. Паметници и споменици, воени гробишта и литургии.

Сијасет од нив на територијата на ова парче од Македонија. Што пак да одбележуваме ние? Трагедии, жртви, егзодуси, масакри, поробувања, асимилации? |
|
|
|
|
Коментар |
ОСПОРУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ДОЗВОЛУВА ПРОМЕНА НА ИМЕТО |
(Преземено од МКД)
Клучот на проблемот е што името е само покритие за разнебитување на македонскиот народ и негово бришење од светската листа на народи, заедно со се што е изворно македонско. Или, поточно, затворање на „Македонското прашање“.

Само откако тоа ќе се разбере, може да се сфати позицијата на Македонија и нејзината борба за опстанок и на народот, и на државата. За Македонците, прашањето за името на државата е прашање да се биде или не. Без Македонци, оваа држава не е потребна. Во такви услови – нема, ниту може да има втора опција, освен да се издржи. Токму затоа, во никој случај, Македонија не смее да попушти и да се прекрсти. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
НАРОДНА ВОЛЈА
|