Стојан Славески
До пред неколку години официјалната позиција на Бугарија беше дека „сите Македонци се Бугари“, а сега се зборува за „постоење на бугарско малцинство“ во Македонија, со што индиректно се признава постоењето на македонската нација
Пред десетина години на една научна конференција, која се одржуваше во Европскиот центар за безбедносни студии, Џорџ К. Маршал, во Гармиш Партенкирхен ми приоѓа еден колега од Бугарија и ми вели: „Зошто Вие Македонците сте толку резервирани кон Бугарите? Па, во Бугарија најдобрите Бугари се Македонци.“ А јас му сериозно му одговорам: „Токму така колега, и во Македонија најлошите Македонци се Бугари“. Тој веројатно не беше подготвен за ваков дрзок одговор од моја страна и за да ја избегне понатамошната дискусија за историските теми го сврте муабетот за други прашања. На што и јас со големо олеснување се согласив.
|