Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Премиерот Никола Груевски за ССТV:

КИНЕСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)


Премиерот Никола Груевски пред почетокот на официјалната посета на НР Кина даде интервју за најголемата и најгледана кинеска телевизија CCTV која емитува вести на сите континенти и има повеќе од 70 меѓународни претставништва.

CCTV поседува вкупно 22 канали и е водечки медиуми на азискиот континент.

Како што соопшти владината прес-служба, Груевски во интервјуто се осврнува на теми од билатералните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина во повеќе сфери од заемен интерес поврзани со развојот на политичките и економските односи, можностите за остварување динамична економска соработка, зголемување на трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Тој зборува и за актуелните политички и економски прашања поврзани со Македонија и регионот.

Посебен акцент е ставен на темата економија, на реформите и поволностите за инвестирање кои Македонија ги нуди на глобалните компании, вклучително и кинеските, кои се дел од една од најбрзорастечките економии во светот која продуцираше огромен раст на бруто националниот производ на Кина.

Премиерот ги објаснува серијата мерки и поволности што им се нудат на инвеститорите, ниските даноци и трошоци за правење бизнис, како и скратените и олеснети административни процедури, вклучувајќи ги поволностите за инвестирање во технолошко индустриските развојни зони достапни за странските компании.

- Многу кинески компании бараат локации да инвестираат во Европа, некои ги поканивме да дојдат во Македонија за да го видат, да го проверат сето она што јас го зборувам. Секогаш кога премиерот и Владата зборуваат за нешто, кај потенцијалните инвеститори постои резерва дали е тоа точно или не и токму затоа ги поканувам да дојдат во Македонија, да ја посетат за да зборуваат со сите странски компании кои веќе инвестирале кај нас или пак да се консултираат со некои странски финансиски институции како ММФ, Светската банка или Прајс вотерхаус куперс кои ја рангираат Македонија на доста висока позиција за многу важни сегменти од економијата и други институции што ги следат земјите според нивните перформанси во подобрувањето на економијата и на бизнис климата, истакнува Груевски во интервјуто.

Тој ги повикува кинеските компании да инвестираат во Македонија, посочувајќи дека нивните инвестиции се добредојдени во нашата држава која може да ја искористат како поволна позиција и порта за инвестиции, производство и продажба на производи на европскиот пазар. Во тој контекст, ја истакнува и поволната отворена опција за можност за креирање специјализирана технолошко-индустриска развојна зона наменета само за кинески компании кои се заинтересирани да инвестираат во нашата земја и оттука да го покриваат европскиот пазар.

- Пред 1,5 година и понудивме на кинеската влада да се отвори слободна економска зона во Македонија само за кинеските компании каде што тие ќе можат да ги користат сите поволности што ги нуди државата. Кинеските компании се соочуваат со многу потешкотии кога сакаат да ги пласираат своите производи во Европа, но затоа Македонија нуди можност за слободна трговија, многу од нив можат да ја искористат оваа поволност доколку отворат свои претставништва во Македонија и да ги искористат сите потнецијали што ги нудиме. Ако Кина смета дека тие се погодни за компаниите, ние сме подготвени за соработка, напомена премиерот.

Премиерот Груевски во интервјуто зборува и за предизвиците на глобалната економија и механизимите и начините за справување со влијанијата од регионалните негативни економски текови, при што информираше и за економските реформи кои се преземаат од страна на Република Македонија во насока на овозможување на услови за економски раст и развој.

Според Кабинетот на премиерот, посетата на македонскиот владин тим наидува на голем медиумски интерес во Пекинг. Досега, освен Груевски, интервју за CCTV дале повеќе светски политички лидери, сопственици на глобални компании и економски експерти меѓу кои и претседателот на Франција Франсоа Оланд, бразилската претседателка Дилма Русоф, претседателот на Казахстан Нурсутан Назарбаев, поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, претседателката на ММФ Кристин Лагарт, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и многу други од областа на политиката, бизнисот и општеството.

Интервјуто го водеше новинарот Руи Ченганг, еден од водечките новинари на CCTV.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting