Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју со Mихајло Миноски, професор по историја

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, МАКЕДОНИЈА Е ПОД ЖЕСТОК МЕЃУНАРОДЕН ПРИТИСОК

(Преземено од МКД)


Сто години од потпишувањето на Букурешкиот договор – договор меѓу завојуваните страни во Втората балканска војна, со кој Србија, Грција и Бугарија, со помош на големите сили, ја поделија Македонија и и’ ја скроија судбината која ја живее до ден-денес, македонскиот народ повторно е исправен пред големо искушение. Професорот по историја Михајло Миноски, кој долги години го проучува овој период од македонската историја, вели дека во историјата нема случајности и дека таму сé е поврзано.

Миноски во интервјуто зборува за интересите на соседните земји и на големите сили на почетокот на 20 век, но и за импликациите од тој период кои денеска ги живее македонскиот народ. Миноски, исто така, зборува и за тоа што се крие за барањето на Бугарија за потпишување договор за добрососедство, како и за албанско-бугарските и грчко-бугарските релации во однос на Македонија.

Професоре, како го објаснувате тоа и колкава е поврзаноста меѓу договорот од 1913 година во Букурешт со ситуацијата во која се наоѓа Македонија денес?

- Историската наука знае, и тоа го покажала, дека нема случајности во она што се случува во историските процеси, па и кај нас во регионот, на Балканот, и кога се работи посебно за Македонија. Според тоа, балканските војни и Букурешкиот договор не беа никаква случајна појава, ниту се работеше за моментален интерес, туку за една долгорочност, испланирана и реализирана стратегија водена од големодржавни амбиции на соседните балкански држави кон Македонија. Тоа има еден долг континуитет.

Зошто Македонија е секогаш монета за поткусурување меѓу големите сили, а никоаш не е на страната што добива нешто при реализирањето на регионалните интереси?

- Тоа не е случајно. Кога се создаваа државите на Балканот, тоа беше интерес на големите сили. Не затоа што со својата борба балканските народи се ослободија, туку зад секој од балканските народи стоеше голема сила што имаше интерес да се создаде држава.

Се провлекува ли таа политика на соседите до ден-денешен?

- Таа политика не само што се провлекува, туку по прогласувањето на државната независност на Република Македонија дојде до бура. Штом се појави независна македонска држава, само по себе се отвара македонското прашање. Сега веќе се поставија и сериозно беа загрижени и едните и другите и третите дека Македонија сега, како независна држава етаблирана во меѓународните односи, членка на Организацијата на Обединети нации, се јавува фактор којшто утре може да ги загрози нивните интереси.

Како го коментирате условувањето на Бугарија за потпишување на договор за добрососедство во замена за поддршка на евроинтеграциите на Македонија? Можно ли е добрососедство со употреба на сила?

- Ова вие што го велите „добрососедство“, тоа е само термин што мора да послужи за реализација на сега актуелната државна политика и прашање е зошто сега е поставено тоа. Има две работи: прво зошто го поставуваат и нé условуваат. Ако Македонија влезе со уставното име во ЕУ и во НАТО, радикално се менува позицијата меѓу Бугарија, Македонија и Грција и веќе тука имаме некако рамноправна основа и влегуваме со еднаков статус каде што тие немаат инструменти за притисок. И сега му е времето да ја искористат својата позиција за постигнување на тие резултати, исто како што прави Грција, само со други средства и друга методологија.

Една од спорните точки на договорот, неофицијално, е прославувањето на заедничките херои од историјата.

- Е, токму тоа значи. Условувањето заеднички, а тие немаат тука селективност. Сé што е македонско за нив е бугарско. Ако го славиш, тоа значи дека прифаќаш дека ние сме бугарски народ и втора бугарска држава и дека поради политички околности, Бугарија не можела да се обедини. И, ако се две бугарски држави заедно, треба да биде целото минато заедничко и треба заедно да го прославуваме, многу проста логика. Причината поради која е тоа така е затоа што тие имаат мoментално адути за таа работа.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, при посетата на Софија одржа предавање за стогодишнината од балканските војни. Со оглед на тоа дека ваква можност е мисловна именка за македонски историчари, како Вие гледате на потегот на Софија? Како обид за зближување или за зацврстување на досегашните ставови за негирање на македонската историја и на македонската посебност?

- Не е првпат на зближување на Албанците и Бугарите како политички фактор. И пред кризата имавме наши Албанци што одеа во Бугарија за да ги усогласуваат ставовите. Џафе¬и на времето беше исто така таму. А, што се однесува на Ахмети, не е ништо случајно. Тоа е во контекст на целиот притисок што се врши врз македонската влада, и тоа сите го знаат. И надворешните фактори и стратегиските поддржувачи. Сите тие сметаат дека сега Македонија е во ситуација кога мора да направи отстапки затоа што нема друго решение. Едно е сигурно, и во историјата и во реалноста, а тоа е дека секогаш има алтернатива и друго решение… ќе видиме што ќе произлезе. Овој народ во минатото и сега е научен да живее со помалку и поскромно, меѓутоа има нешто што е свето, а тоа е името. За тоа име се давале заклетви и се гинело, и сега останува кај македонскиот народ. Името е свето, другото останува на политичарите дали тие ќе ги имаат предвид оние пораки што ги праќа народот. Она што во минатото ни се случуваше, да сме сардисани од сите страни и да имаме жесток притисок од меѓународните фактори, ни се случува повторно. Меѓутоа, нема случајност, сето тоа во континуитет е поврзано затоа што македонското прашање се отвори повторно. Дали сака да го признае некој тоа или не, сега е прашање да се затвори, но како да се затвори? Ако ние самите го затвориме македонското прашање затоа што не може никој друг надворешен фактор да го реши спорот.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting