Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев го потпиша

ДЕКРЕТОТ СО КОЈ ЈУЖЕН ТЕК СТИГНУВА И ВО МАКЕДОНИЈА

Валентина Марјановиќ


Агенцијата Итартас пишува дека според документите што ги изработило Министерството за енергетика на Русија, потврдена е исплатливоста на проектот.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша декрет со кој го одобри текстот за спогодбата што треба да ја потпишат владите на Руската Федерација и на Република Македонија за соработка во изградба на крак на гасоводот “Јужен тек” со кој што нашата земја ќе се снабдува со руски гас. Ваква информација вчера објавија руските медиуми повикувајќи се на информацијата објавена на веб сајтот на прес службата на руската влада, каде се вели дека по потпишувањето на спогодбата, договорот ќе биде валиден во следните 30 години.

Според документот подготвен од страна на Министерството за енергетика на Русија, подготвени се и резултатите од анализата за техничката, еколошката, економската и финансиската оправданост на изградбата на кракот кон Македонија.

Дека Русија и Македонија го подготвиле меѓувладиниот договор за соработка во изградбата на кракот на гасоводот Јужен тек” кон Македонија, вчера пишуваа речиси сите руски медиуми меѓу кои и агенцијата Итартас, која се потенцира дека според документите што ги изработило Министерството за енергетика на Русија потврдена е исплатливоста на проектот, а за таа цел руски “Газпром” и компанијата “Македонски енергетски ресурси” ќе основаат заедничка компанија која ќе биде со капитал 50:50 и ќе биде задолжена да го реализира проектот. Во статијата на Итертас се вели дека има можност во проектот да се вклучат и други акционери, а со тоа да се прераспределат и акциите. Што се однесува за маршрутата на кракот и неговиот капацитет, тоа ќе ја утврди заедничката компанија врз основа на енергетската анализа.

- Точните количини на природен гас што ќе бидат испорачани во Македонија, условите и испораките на гасот ќе бидат дефинирани со договорот меѓу Газпром” и Македонски енергетски ресурси”, а правата за користење на сите капацитети на гасоводот припаѓаат на Газпром” - пишува руски Итартас.

Според нив, во документот се прецизирани и обврските од македонската страна, а тоа е да не се воведуваат никакви ограничувања за руските инвестиции на територијата на земјата кои се поврзани со овој проект, но и да се обезбедат на компанијата поволни даночни и царински олеснувања. Истовремено, да се овозможи полесно добивање на сите дозволи што се неопходни за реализација на проектот за изградба на гасоводот, како и начинот на кој ќе се вршат набавките за потребната опрема и машини, имплементација на градежни работи и други услуги намети за изградба на кракот.

Тие очекуваат македонската страна да ја обезбеди потребната помош во процесот на добивање на правата на пристап на трети страни на капацитетите на гасоводниот проект, како и регулирање на тарифите и правилата на одделување на систем-оператори за да се обезбеди негово целосно реализирање. Да биде регулирана и сопственоста на земјиштето во согласност со условите во проектот.

Деновиве генералниот директор на “Гаспром” Алексеј Милер рече дека изградбата на подводниот дел од гасоводот “Јужен тек” ќе започне во вториот квартал на 2014 година. Македонија треба да се поврзе со крак од гасоводот кој ќе поминува низ територијата на Србија. Министерот за просторно планирање на Србија, Милан Бачевиќ на неодамна одржаниот форум во Санкт Петербург заедно со рускиот партнер ја поддржал иницијативата да се подготви документација за јужен крак кој од гасоводот Јужен тек” преку Параќин ќе оди кон Македонија, Црна Гора, Косово и Метохија. Тоа значи уште 500 километри крак на гасоводот и тоа 250 километри кон Црна Гора и уште толку кон Македонија.

За Македонија ова е огромен бенефит, бидејќи гасоводот кој се очекува да профункционира во 2015 година ќе овозможи стабилно снабдување на земјава со гас, но и целосно раздвижување на економијата. Долгорочно до 2040 година на земјава ќе и бидат потребни 2,5 до 3 милијарди кубни метри гас, а во моментов на земјава и се на располагање околу 800 милиони кубни метри гас.

Гасоводот “Јужен тек” е предвидено да има максимален капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно. Изградбата, според анализите, треба да чини 15,5 милијарди евра, при што 10 милијарди се потребни за изработка на трасата во Црно Море и уште 5,5 милијарди евра за копнената траса.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting