Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
И по Брисел, Брисел

НЕМА КРАТОК ПАТ ДО ЕВРОПА

Проф. Димитар Мирчев (Преземено од Дневник)


Помина и европската недела на проширување. Некаде со триумф и задоволство, некаде со честитки, славеничко одбележување, но и со скепса и неизвесност, понекаде и со отпор и одбивање. Во Загреб славење и достоинствено одбележување. Граничните премини кон Унијата, односно Словенија и Унгарија се отвораат, веќе нема граници. Па, сепак, следниот ден - протести и црни знамиња во многу хрватски градови. Губење дел од суверенитетот? Подигнување на цените, даноците повисоки, очекуван наплив на европски фирми што ќе ги загрозат домашните?

Во Белград исто така славење, но со помешани чувства. Именуван преговарачкиот тим за јануари 2014 г., но дотогаш сешто може да се случи. Проблемот на Kосово нема да се реши дотогаш, а целосно решение никој не верува дека ќе има до крајот на преговорите. Kосово како Дамоклов меч виси над европската судбина на Србија. Во меѓувреме инфлацијата расте, стандардот паѓа; па сепак работите се придвижени, исто како и во Црна Гора.

Границите на Унијата се шират и ни се приближуваат. Ние пак со повеќегодишниот статус-кво. Дали назадуваме, тапкаме во место, остануваме заобиколен пуст остров? На јунскиот самит на ЕУ ниту заклучок ниту збор за Македонија. Очекувано и не е ненадејно, но сигналите беа токму такви. Наспроти сите обиди на Филе и препораките на Kомисијата и на Европарламентот. Веќе станува ноторно дека сиот тој однос нема врска со внатрешните околности во земјава, со реформите или критиките за демократскиот дефицит или инциденти, со слободата на изразување или медиумите, што мнозина го користеа како аргумент. Тие нешта се надминаа или се надминуваат. С` по очигледно е дека грчката блокада се бетонира како составка на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата. А Унијата нема решение на проблемот. Не даде многу плод ниту крајно интензивната наша дипломатска кампања и надворешно-политичка активност ниту проширената мрежа на наши пријатели и партнери или симпатизери во редовите на Унијата. Добронамерниот комесар Филе и по самитот во Брисел единствено коментира: сега се времето и моментумот за решавање на спорот за името.

Но, тоа е повеќегодишно повторуван совет упатуван до нас, не и до Атина. А ние тука ништо не можеме да придвижиме кога овие долу се крајно незаинтересирани и индиферентни; а имаат и свои сопствени проблеми за кои човек е чисто да заплаче и да сочувствува. Но, дефинитивно инсистираат на својот ултиматум и играат на картата на нашето исцрпување – с` до нашата идентитетска капитулација, што инаку ќе се случи „мало морген“.

Претпоставувам дека по овој за нас недефиниран самит на Унијата кај нас ќе започнат да опаѓаат ентузијазмот и поддршката на граѓанството за влез во Унијата, што досега без разлика на неприфаќањето на преговорите, се држеше на доста високо ниво. Веројатно ќе пораснат апатијата, резигнацијата и довербата во акцесијата и воопшто во Унијата; тоа, пак, не е добро за владините мерки и реформи и за нивната имплементација. Без разлика на флоскулата дека тоа с` се прави за благосостојба на нашето граѓанство. Се разбира дека тоа е така, но нема веќе никакви поттици за тоа од Унијата. Усвоената од Брисел акцесиска стратегија на нашата влада веќе не е поттик ниту, пак, нејзиниот мониторинг. Тоа станува рутина; исто како и политичкиот дијалог на високо ниво, кој требаше да биде супститут на влезните преговори. Брисел, на пример, може сега да го прогласи тој дијалог за „највисоко ниво и приоритет“ и сл. Но, не верувам дека тоа нешто ќе измени во статус-квото. Нема никакви гаранции дека на следниот или на некој иден самит на Унијата нешто битно ќе се случи во однос на Македонија. Шчо да се чинит - како што би прашал Мисирков?

Првата работа е да се преиспита позицијата на земјата во услови на подолготрајно одржување на овој статус-кво бидејќи нема блиски перспективи или гаранции дека нешто во иднина ќе се промени ниту, пак, дека грчкиот бетон-ултиматум ќе попушти. Стопанствениците веќе бараа план Б за сопственото дејствување во такви услови. Kако да се искористат комплементарните предности на земјава и нејзините ресурси за развој во вакви услови? Всушност, планот Б донекаде веќе функционира што го навестуваат и последните инвестициски активности и размената со странство. Но не е во прашање само економијата, туку и вкупната позиција на државата. Наместо изолираност, мора да се градат чувството и политиката на отвореност кон сите, на размена и на контакти со сите, особено со нашите големи партнери и пријатели. Интеграцијата на нашите големи системи - технолошки, информатички, образовни, здравствени - во големите меѓународни системи, па и надвор од Европа, мора да продолжи, но и да дава развојни ефекти.

Еден наш добар познавач и мислител деновиве кажа една многу умна работа: доколку не ни се смалува хоризонталната дистанца од Унијата, никој не ни пречи да се развиваме по вертикала! Друг, пак, еден вели: „Швајцарисување“ на земјава! Во недостиг на европски инструменти и политики и таквите наши инструменти и политики не се лоши, напротив. Но треба да се вообличат во стратегија. Сепак, европската опција и влезот во Унијата остануваат неспорна определба, која не зависи само од нас. Минатата недела Груевски му предложи на Самарас директни разговори за спорот, дури и формирање владини тимови за контакти. Ќе заврши ли и таа иницијатива како и досегашните во кошот за смет? Иванов во понеделникот му предложил на Папулјас да се сретнат барем на кафе за да видат граѓаните на двете земји дека соседите не се непријатели. Папулјас кимнал со главата. Многу една содржајна гестикулација.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting