Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Вести

ОБАМА И САМАРАС ЌЕ РАЗГОВАРААТ ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИА)


Грчкиот премиер Андонис Самарас и американскиот претседател Барак Обама ќе разговараат и за грчко-македонските преговори за решавање на прашањето за името на Македонија, откриваат дипломатски извори за МИА.

По неколку неуспешни обиди, Самарас успеа да договори средба со Обама која ќе се одржи на 8 август во Белата куќа. Според Белата куќа, двајцата функционери ќе разговараат за соработката во одбраната меѓу двете земји, Партнерството за трансатлантска трговија и инвестиции, регионалната соработка, заедничките напори во борбата против тероризмот, можностите за решавање на кипарското прашање, и за развојот на настаните во Северна Африка, и Сирија.

Грчки дипломатски извори тврдат дека на средбата сигурно ќе стане збор и за текот на преговорите што се водат со посредство на Метју Нимиц за решавање на прашањето за името на Македонија. Не случајно и провладиниот весник „Катимерини“ во текстот за средбата Самарас-Обама потсетува дека „Вашингтон е подготвен да се активира за решавање на кипарскиот проблем и прашањето за името“ на Македонија, додека Атина „и покрај своите објективни тешкотии предизвикани од економската ситуација, е подготвена да игра улога на Блискиот исток користејќи го новиот однос со Израел и нејзините традиционални врски со арапскиот свет“.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting