Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија и по 100 години ги чувствува последиците од Букурешкиот договор

ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ДУХОВНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

(Преземено од Вечер)


Нашите соседи се обидуваат да го попречат евроатланското интегрирање на Македонија и пред меѓународната јавност не претставуваат како загрозувачки фактор за нивната стабилност и територијален интегритет, плашејќи се дека со отворањето на границите ќе дојде до обединување на македонскиот народ, вели професорот Ѓорѓиев.

Македонија по 100 години се уште ги чувствува последиците од Букурешкиот договор и сето она што денеска се случува на политичката сцена е резултат на случувањата во 1912 и 1913 година.
- Поучени од она што е реалност дека Србија го загуби својот дел од пленот од Балканските војни, нашите соседи од југ и од исток поставуваат разни услови и прашања со кои сакаат да ги попречат сите наши настојувања за целосно интегрирање во меѓународните институции, плашејќи се дека со отворањето на границите ќе дојде до културно и духовно обединување на македонскиот народ. Со тоа сакаат да докажат дека ние сме загрижувачкиот фактор по нивниот територијален интегритет, истакна професорот Ванчо Ѓорѓиев од Филозофскиот факултет на научниот собир Македонија во Балканските војни, Букурешкиот договор - 100 години потоа" што се одржа вчера. Тој потенцираше дека Букурешкиот договор нема рок на траење, ниту пак е можно негово ревидирање, бидејќи, како што нагласи, тоа е меѓународен договор без никакви тајни анекси и се однесува само на разграничување на територии помеѓу завојуваните страни.
- Приказните коишто излегоа дека наводно постојат тајни анекси кон договорот не се точни. Доколку се земе и се погледа комплетно Букурешкиот договор, ќе видите дека таму станува збор само за разграничување на територии помеѓу завојуваните страни. За жал, во тој момент во Македонија не е субјект. Таа е дел од Османската Империја и затоа ние треба поинаку да ги гледаме работите, нагласи Ѓорѓиев.

Во историјата нема случајности и се е каузално поврзано, вели и проф. д-р Михајло Миноски.
- Позициите, политиката и интересите на европските големи сили беа такви што Македонија секогаш служеше како монета за поткусурување за воспоставување поредок на Балканот преку кој тие ќе ги обезбедат сопствените регионални интереси, рече Миноски. И тој смета дека она што денеска го имаме е резултат на историските настани уште од договорите од Берлин преку Букурешт, па се до сегашната политика на Брисел.

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски нагласи дека Букурешкиот договор е историски настан со кој се удрија темелите на поделбата на македонската етничка територија и и се нанесе многу зло на македонската нација и држава.
- На овој научен собир даваме интерпретација на историските настани 100 години потоа, што значи дека се опфатени и проблемите кои ние и денеска на некој начин ги доживуваме онака како што во пракса ни се наметнуваат - непризнавање на македонската нација и име и причините зошто е тоа така. Тие причини се длабоко вкоренети по Букурешкиот договор кога малите балкански држави се окрупнија и се проширија на македонските етнички територии. Затоа денеска ќе проговориме со вистината, со материјалните докази, со аргументите и со фактите зашто вистината е единствена и против нејзе никој не може да се бори и да ја сопре, рече Малковски.

За СМК вистинскиот одговор на прашањето што ни се случи пред 100 години е дека оваа 2013 година одбележуваме 100 години окупација на Македонија и 100 години геноцид врз македонскиот народ.
- Тој геноцид, за жал се уште трае со благослов на Европа и барањето на Атина за промена на државното име Македонија, рече претседателот Тодор Петров потенцирајќи дека и по еден век македонската наука не даде одговор што ни се случи со попишувањето на Букурешкиот договор.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting